Перформансите на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт сезонава, уште долго ќе се паметат во иднина. Како да одат во склад со резултатите на тимот, па не се знае кој е подобар, дали тие или играчите.
Пред големиот меч со Интер пред неколку рунди, го прославија прекрасниот јубилеј - 120 години од основањето на Ајнтрахт.
Прекрасна кореографија изведоа и пред мечот со Лацио кога во прв план излезе клупскиот симбол - орелот
Тифото со Аполон беше уште едно во низата неверојатни:
Синоќа против Бенфика Ајнтрахт победи со 2-0 колку што му требаше да ја анулира негативата и да се пласира во полуфиналето на Лига Европа каде ќе игра против Челси. Германскиот тим сезонава од ЛЕ елиминираше неколку екипи кои претходно играа во ЛШ: Шахтјор, Интер, Бенфика. Притоа Ајнтрахт стана првиот германски клуб кој постигнал 28 гола во Лига Европа.
Навивачите имаа свое шоу:
Банер „Во срцето на Европа“
Последен пат Ајнтрахт Франкфурт стигнал до полуфинале на некој европски куп во 1980 година. Тоа беше Купот на УЕФА, а Германците изгубиле во финалето од Борусија Менхенгладбах, клуб со кој во моментов е на делба на 4. место во Бундеслигата кое води во Лига на шампиони.
Во полуфиналето од Лига Европа против Челси, во Лондон сигурно ќе отпатуваат најмалку 20.000 навивачи на Ајнтрахт кои во толкав број беа во Рим, Милано, Марсеј итн.