Како навивачите на Борусија ќе го игнорираат прволигашот Салцбург за да му помогнат на четвртолигашот Салцбург

Навивачите на Борусија Дортмунд важат за навивачи кои сакаат традиција, а мразат богаташи кои ги уништуваат идентитети на клубови за сопствени интереси. Затоа спремаат акција за помош на клуб кој беше распарчен и одново оживеан во четврта лига.

Борусија Дортмунд утревечер го пречекува Ред Бул Салцбург во нокаут фазата од Лига Европа, а нивните навивачи веќе коваат планови за тоа што ќе прават за реваншот кој е закажан за идниот четврток.
 
Со оглед на тоа кој е спонзорот кој стои зад овој клуб кој се изнакупува екипи додавајќи им го на сите името на пијалакот, навивачите на Борусија ја иницираат својата група да го бојкотира овој меч.
„Како што веќе се практикуваше на последните две средби во Лајпциг, голем дел од нашето здружение нема да оди на реваншот од ЛЕ против РД Салцбург. Причините остануваат исти: Не можеме и нема да прифатиме клубови како Салцбург или Лајпциг кои ги газат вредностите на најпопуларниот спорт пред наши очи. Овие вредности го вклучуваат и интегритет на натпреварот, што влијае негативно на учеството на двата клуба во топ 16 од ЛЕ. Овој пат нашето отсуство ќе се комбинира со друга акција. Наместо да заминеме во Салцбург за локалниот туш клуб, би сакале да ги испратиме нашите пари за вистинскиот клуб во градот СВ Австрија. Ќе бидеме среќни ако ни се вклучат што повеќе луѓе во акцијата за да искажеме солидарност кон Австрија Салцбург. Традицијата го победува секој тренд “, стои во нивното соопштение.

Австрија Салцбург во 2005-та година отиде во рацете на компанијата Ред Бул која ја преименува во Ред Бул Салцбург и удри целосно по светоста на клуб. Му го смени името, логото, боите на дресовите и ги разбесна навивачите кои одлучија да формираат нов клуб со старото име и сето она што беше белег и традиција од неговото постоење од 1933-та година.
 
Навивачите на Борусија на следните два меча на домашен терен против Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт ќе продаваат ретро билети и тематски маици по цена од 10 евра, а парите ќе ги донираат за вистинскиот Салцбург кој живурка во четврта лига.
 
Познатиот „Жолт ѕид“ во знак на бојкот кон најомразениот клуб, минатата сезона не отпатува на гостувањето против Лајпциг и се собраа на стариот терен на Борусија каде преносот го слушаа на радио. Тие се големи борци против било какво корпоративно гледање фудбал и поради тоа му забранија на противникот да прави шалови со нивното име, бои и грб.

Ред Бул освен во Австрија и Германија има свои клубови и во Њујорк, Сао Паоло, па дури и во Гана, а влезе и во други спортови како Формула 1 и хокеј на мраз. Според навивачите на Борусија нивната цел не е искрена и фудбалска, туку сакаат само да го шират пазарот и да продаваат што повеќе од нивниот енергетски пијалак.
 
Навивачите на Борусија, а и општо германските фанови не сакаат да им се случи сценарија како во Англија, Франција и Италија каде се руши фудбалската традиција со арапски, кинески и руски милијарди кои формираат сопствени идентитети од клубови со стара слава.