Верност до небo

Дрезден игра пред затворен стадион, а продал 72.000 карти за 1 меч

Во германскиот фудбал има многу примери за тотална лојаност на навивачите кон својот клуб. Стадионот на Динамо Дрезден на пример прима нешто помалку од 30.000 гледачи, а во ситуација кога е затворен поради пандемија, продале 70.000 карти.

За мечот со Дармштад во германскиот Куп кој Динамо Дрезден го загуби 0:3, клубот заработил 360.560 евра од продажба на влезници.

Динамо Дрезден е на трето место во трета лига, но навивачите никогаш не го оставиле клубот на цедило. За дуелот од 1/8 финале на Купот, и покрај тоа што во цела Германија стадионите се затворени, Динамо Дрезден продал 72.112 карти по цена од 5 евра.

Навивачите сакале преку оваа акција да го помогнат Динамо Дрезден во услови на криза предизвикана од глобалната пандемија. Симболичен гест на солидарност каков што не се гледа често.

„Има луѓе кои вложија многу време и пари за да ни ја покажат блискоста во овој момент. Ова е нешто многу многу посебно“, вели тренерот на Динамо Маркус Каучински.

РЕКОРДНА ПРОДАЖБА НА КАРТИ

По гостувањето во Белград на фамозниот меч против Црвена звезда во 1991 година (на Маракана имало 95.000 гледачи) и она во Дортмунд (играле пред 73.100 гледачи), ова е трет натпревар во историјата на Динамо Дрезден кога се продадени сите печатени карти, а прв домашен.

Поради силен ветер, клубот се откажал од планираната кореографија со 30.000 картони кои требале да бидат распоредени на столиците.

А резултатот катастрофален, пораз од 0:3 и елиминација од Купот.

Но навивачите може да бидат задоволни што во пресрет на најголемиот христијански празник Бижиќ, успеале да пратат порака на солидарност и љубов.

Мечот влезе во историјата како прв домашен на кој се продадени повеќе од 70.000 карти иако навивачите не можеле физички да присуствуваат на стадионот кој остана затворен како и сите други во Германија.