Судијка асистираше за гол, брат му на Крос вриштеше

Женскиот судија Бибиана Штајнхаус веќе долго суди во германскиот фудбал, а јавноста ја запозна уште во 2010-та кога фудбалерот на Херта, Петер Нимаер случајно ја фати за гради а сега со неа се случи нов момент.


Во 2014-та Вивиана повторно се најде во фокусот на фудбалската јавност откако Пеп Гвардиола тогаш тренер на Баерн Минхен ѝ се дереше на мечот против Борусија Менхенгладбах.

Најлошо Бибиана помина минатиот петок. Ја судеше средбата меѓу Унион Берлин и Гројтер Фирт кога во 80. минута домаќините рогнаа една топка која што ја погоди судијката Бибиана, се одби до Сердар Дурсун којшто израмни на 1:1 и им донесе бод на гостите.

Грешката на Бибиана најлошто ја прифати Феликс Крос, братот на Тони Крос од Реал Мадрид, којшто и се дереше на главната судијка.