Ако Халанд и Мбапе на своите 23 и 24 години, веќе имаат светска слава, трофеи и неброени милиони во банка, приказната кај Кевин Бехренс е целосно поинаква.
За него има само една страница на Википедија со многу малку информации и речиси никакви бројки и статистики.
Кариерата на почнал во 2010-та и сменил неколку клубови кои може да ги прочита само некој кој разбира германски.
Неговата вистинска кариера всушност почна на 30 години кога во 2021-ва потпиша за Унион Берлин, клуб кој пак во 2019-та за прв пат станува дел од Бундеслигата.
После долгото нисколигашко фудбалско патување, Кевин сезонава на свои 32 години ја живее својата бајка.
На својот прв меч сезоната во првата германска лига блесна со хет-трик против Мајнц и сите три гола ги постигна со глава.
Месец дена подоцна заигра во Лигата на шампионите против 14 кратниот европски првак, Реал Мадрид. Каков напредок во кариерата.
Но и покрај овој негов неверојатен скок во кариерата, како ретко кој на тие години, тој е сепак најобичен човек.
По трите постигнати гола, клупскиот фотограф на Унион Берлин, го фатил Бехренс како се враќа дома со точак.
Унион Берлин го оствари сонот и заигра Лига на шампиони на „Сантијаго Бернабеу“