Германските навивачи се познати како верни и одат секаде каде што игра нивниот клуб. А замислете ги дури оние кои за првпат играат и гледаат Лига на шампиони. Довчерашниот трето и второлигаш сега играше со Реал Мадрид на грандиозниот „Сантијаго Бернабеу“.
Унион Берлин е клуб кој од сигурна пропаст го спасиле навивачите кои пред неколку години се организирале и чекор по чекор со продажба на сезонски карти, членарина, разна помош и донации го кренале Унион Берлин до сериозен европски клуб.
Претходно ФЦУ бил на раб на пропаст а во 2004-та за малку ќе изгубеле и лиценца за натпреварување:
🔴📈 From the brink of financial ruin to a Champions League clash against Real Madrid, the competition's record winners.
— DW Sports (@dw_sports) September 20, 2023
This is the scarcely-believable story of Union Berlin: a club on a journey to the summit of European football. 🤯 #UCL pic.twitter.com/9RDXT1xgAE
Синоќа на дебито во Лига на шампиони, на храмот на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“ отишле околу 5.000. Направиле кортео низ главните централни плоштади каде илјадници туристи ги сликале во чудо.
20.09.2023, ~5000 Union Berlin🇩🇪 in Madrid🇪🇸 before match against Real Madrid https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/7pBxgvb1hk
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) September 20, 2023
Унион Берлин се држеше буквално до последните моменти од мечот и имаше историски 0:0 со Реал во Мадрид но англиската ѕвезда Џуд Белингем со гол во 90+5’ повторно го спаси „кралскиот клуб“ и бундеслигашот изгуби драгоцен бод на крајот.
Сигурно е дека ниту на другите клубови од оваа група Наполи и Брага нема да им биде лесно против ФЦУ.
Од друга страна синоќа германските навивачи се жалеле на полициска репресија во Мадрид и катастрофален однос од шпанската полиција која прво ги задржувала на влезот па многумина не влегле од почеток на мечот, а некои добиле и пендрек. Не им било дозволено ниту да постават знамиња на оградите во гостинскиот сектор што е дозволено насекаде ширум Европа:
This is how many Union Berlin supporters have heard the Champions League anthem@TheAthleticFC pic.twitter.com/Ad5ytXqNL3
— Mario Cortegana (@MarioCortegana) September 20, 2023