Добрата божиќна традиција на Унион Берлин

Во германскиот клуб Унион Берлин има прекрасна традиција: Пред Божиќ навивачите се собираат на стадионот каде заедно со градскиот хор ја пеат химната на клубот и не само тоа.

Целата традиција започнала во 2003. година благодарение на месниот фан клуб Alt-Unioner. Во тој момент источната гордост на Берлин била на дното од втората бундеслига и на прагот од испаѓање во трета лига.

Еден од главните активисти на навивачката група на Унион, Торстен Ејзенбејхер сакал да ги собере другарите пред Божиќ: „Убаво е да се вратиш во семејството во добро расположение. Тогаш ги собрав сите другари на едно место, направивме топла атмосфера на стадионот и се зближивме сите“, се сеќава Торстен.

Тој разделил неколку листови со текстови од божиќните песни, донеле печено месо, греано вино и свеќи.

Традицијата станала помасовна од година во година, билетите биле бесплатни и секој декември има сè повеќе луѓе на стадионот. Така на пример во 2013. година навивачите собирале пари за да го помогнат проширувањето на стадионот којшто сега има поголем капацитет.

Од пред неколку години бројот на луѓе кои сакаат да присуствуваат на овој собир е сè поголем, така што немало доволно место за сите. Клубот го решил проблемот така што одлучил да печати влезници. Се договориле влезот да чини 5 евра за стоење и 10 евра за седење а парите одат за клубот. Сите билети за 2017-та биле продадени за два дена.

Во саботата на стадионот на Унион дошле 28.500 луѓе кои ја пееа химната на Унион Берлин, а меѓу нив имаше и навивачи на други клубови, бегалци од Сирија и Иран, како и гости од Шведска, Данска, Норвешка, Финска, Австрија, Швајцарија и Франција.

И без ниту еден конфликт. Само љубов, фудбал и Божиќ.
 
 

Годинава Божиќната прослава се одбележала на стадионот по 15. пат. Тринаесет години по ред религиозната вечер ја отворал пасторот Питер Милер, но во ноември откажал поради тоа што не се чувствувал добро. Наместо него дошол пастор Улрих Кастнер.