Во баражот за Бундеслига, второлигашот Унион Берлин и давеникот Штутгарт одиграа 2:2 во реваншот во Берлин и после ремито 0:0 на правиот меч, познат е патникот во Бундеслигата за следната сезона.
Ова е историски момент за клубот којшто претходно никогаш не играл во најдобрата германска лига каква што е денес. Последен пат во елитата Унион Берлин играл во сезоната 1988/99: клубот тогаш испаднал од ГДР, тогаш лига на Источна Германија.
По обединувањето на Германија, Унион играл во третата лига во земјата и навивачите цели 30 години го чекале денот кога ќе заиграат со најдобрите.
Реваншот со Штутгарт започна мирно. Навивачите на Унион Берлин ги исполниле трибините на стадионот „Ан дер Алтен Ферстерај“ долго пред мечот и кога започна дуелот кренаа прекрасна кореографија: На својот тим му го дадоа своето срце.
Поддршката со песна не застана ниту еден момент, а трибината беше цела црвена со знамиња и маици
Унион Берлин е еден од најсимпатичните клубови во Германија. Навивачите на овој клуб помогнале клубот сам да се реконструира стадионот кога управата немала доволно пари.
Стадионот на југо-западот од Берлин се претвори во котел со 22.000 луѓе кои грмеа и палеа пиротехника во чест на Унион
Во последните 10 години Унион Берлин играше во втората лига - Цвајта. Ремито 2:2 против Штутгарт значеше и остварување на многу-децениски сон - пласман во елитната Бундеслига.
После последната судиска свирка, речиси цел стадион истрча на теренот да прослави со играчите и стручниот штаб:
Die Alte Försterei eskaliert! Und womit! Mit Recht! #FCUVFB pic.twitter.com/mSF6nfQCqH
— Andreas Lorenz (@alorenza) May 27, 2019
DOO DOO DOO UNION! 🔴 pic.twitter.com/uygh0Q9MJX
— 1. FC Union Berlin (@fcunion_en) May 27, 2019
For the first time ever, we will see a Berlin derby in the Bundesliga next season!
— Football on BT Sport (@btsportfootball) May 27, 2019
Од Бундеслига испаѓаат Нирнберг, Хановер и Штутгарт, а на нивно место следната сезона ќе играат Келн, Падерборн и Унион Берлин.