Таг: бараж

Трета среќа: Одреден датумот кога Македонија ќе игра против Косово

Прво требаше во март, па поради глобалната пандемија УЕФА оптимистички ги помести дуелите од плејофот во Лига нации за јуни, па пак го откажа и сега официјално се закажани за почетокот на октомври.

Лудо славје во Берлин, Унион влезе во Бундеслига првпат во историјата

Унион Берлин важи за еден од најсимпатичните клубови во Германија чии навивачи на времето собираа самоиницијативно пари за реконструкција на стадионот кој синоќа ја доживеа најголемата радост во клупската историја.

За конечната слика во Лига на нации, кој испаѓа, кој оди погоре

Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.

Нашиот дик е поголем од вашиот

На дуелот од баражот во Холандија за влез во првата лига Емен и Спартак одиграа досадни 0-0 па на трибните беше поинтересно. Со оглед на тоа што двајцата тренери се викаат Дик (едниот Лукиен, другиот легендарниот Адвокат), домашните навивачи извадија банер со натпис:

Како Алекс Фергусон само еднаш во кариерата бил селектор

Единствениот пат кога славниот Шкот тренирал репрезентација било во 1985-та година кога тогашниот селектор на Шкотска починал на сред меч и останале без предводник.

Документарецот за шведскиот судија чија кариера пропадна во една вечер

Мартин Хансон важеше за еден од најдобрите европски фудбалски судии. Како топ судија имал само еден сон - да свири на Светското првенство 2010 во Јужна Африка. Една лоша вечер во Париз на 18. ноември 2009-та му ја однесе целата кариера низ вода.

И фудбалерите се спремаат за Лига на нации, ждрепката во среда

Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.

Останува ли бледата Италија без Светско првенство?

Репрезентацијата на Италија го освои второто место во нашата квалификациска група и за да не го пропушти Светското ќе мора да ја победи Шведска во двомеч. Првиот дуел е во петок.

Бараж за Светско: Хрватска на Грција, Италија во Скандинавија

Во седиштето на ФИФА во Цирих попладнево се одржа ждрепката на паровите за дополнителните квалификации за Светско 2018 во Русија.

Пелистер пред подвиг, Чкембари се мобилизираат

Откако една година играат во втората лига, фудбалерите на Пелистер сега имаат голема шанса преку бараж-двомечот со Хоризонт Турново да се вратат во најдобрата македонска лига.

Како Бугарите ја смрзнаа Франција во 1993-та

„И Бог е Блгарин и Бог е Блгарин“, викаше коментаторот на бугарската државна телевизија по евроголот на Емил Костадинов во ’91-та минута.

Болоња во Серија А, фешта на Дал Ара

Во баражот за пласман во Серија А, фудбалерите на Болоња ремизираа со Пескара 1-1 и благодарение на подобриот пласман на табелата се вратија во најдобрата италијанска лига по само една година.