И фудбалерите се спремаат за Лига на нации, ждрепката во среда

Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.

Новото натпреварување на УЕФА за репрезентативен фудбал ќе ги замени пријателските средби и ќе има турнирско значење коешто ќе им овозможни на државните селекции да се натпреваруваат со противници рамни на себе.

Победниците на сите четири групи ќе се пласираат во финалната фаза од квалификациите која што ќе се одржи во јуни 2019 година. Останатите репрезентации ќе може да се борат за пласман во повисок ранг и можност да се пробијат на Европското 2020.

КАКВИ ПРОТИВНИЦИ МОЖЕ ДА ДОБИЕ СЕКОЈА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА?

Сите 55 репрезентации членки на УЕФА се распределени во четири лиги составени според рејтингот на УЕФА (оние кои се од 1 до 12 позиција се во Лига А, од 13 до 24 во Лига Б, од 25 до 29 во Лига Ц и од 40 до 55 во Лига Д).

Во рамките на секоја Лига, репрезентациите во однос на нивниот рејтинг на УЕФА, беа распоредени по три тима (Лига А и Б) или по четири (Лига Ц и Д).

КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ЖДРЕПКАТА?

Ждрепката ќе почне шеширот 1 на лигата Д. Екипите ќе бидат распоредени по групи од Д1 до Д4. Потоа ќе следува ждрепка на шеширите 3, 2 и 1. Ждрепката за другите лиги ќе биде по поинаква шема, на пример во групата Ц1 нема да има екипи од четвртиот шешир. Групите за Лига Б и Лига А ќе бидат составени од по три репрезентации.

ЌЕ ИМА ЛИ НЕКАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА ВРЕМЕ НА ЖДРЕПКАТА?

Следните репрезентации не може да се влечат во иста група:

Лига Б: Украина / Русија
Лига Д: Ерменија / Азербејџан

КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ЛИГАТА НА НАЦИИ?

Победниците на четирите групи во Лига А ќе влезат во финалната фаза која ќе се игра во јуни 2019. Таа фаза ќе биде составена од полуфинале, меч за трето место и финале. Победниците на групите Б, Ц и Д ќе се пласираат во повисок ранг. Најслабите селекции од групите во лига А, Б и Ц ќе испаднат во понизок ранг.

КАКО ЛИГА НА НАЦИИ ЌЕ ВЛИЈАЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА ЕВРО 2020?

Квалификациите за Европското ќе се останат неизменети до крајот од групната фаза како и досега. Двете најдобри репрезентации од секоја група ќе одат на Европско. Така ќе се дознаат првите 20 патници. Уште четири дополнителни учесници за ЕП 2020 ќе се дознаат преку баражот во кој ќе учествуваат 16 победници на групите во Лига на нации (победници на сите четири групи во четири лиги).

Во случај една од тие селекции веќе да обезбедила пласман на Европско преку стандардните квалификации, нејзиното место ќе го земе следната најдобра селекција во групата.

Во секоја лига ќе има плејоф организиран во полуфинале и финале. Победниците на секој плејоф меч ќе заработат карта за Европско 2020.

КОГА ЌЕ СЕ ИГРААТ МЕЧЕВИТЕ ОД ЛИГА НА НАЦИИ?

Брзо после ждрепката, УЕФА максимално оперативно ќе ги соопшти датумите и времето на одигрување на секој од 138 мечеви.

1. коло: 6-8 септември 2018
2. коло: 9-11 септември 2018
3. коло: 11-13 октомври 2018
4. коло: 14-16 октомври 2018
5. коло: 15-17 ноември 2018
6. коло: 18-20 ноември 2018

- Ждрепката за финалната фаза е на почетокот на декември 2018;
- Финалната фаза е од 5-9 јуни 2019
- Ждрепка за бараж за ЕВРО 2020 е на 22 ноември 2019 година.
- Баражите за ЕП 2020 ќе се играат од 26-31 март 2020 година.

Ждрепката за групите во среда ќе може да се следи на сајтот на УЕФА.