Македонската фудбалска федерација активно работи на идејата да ја засили најдобрата селекција во иднина. Кристиан Шекуларац и Албијан Хајдари се едни од имињата кои би можеле да се најдат на некој од следните списоци на селекторот Благоја Милески.
Македонија го совлада Исланд со 3-1 и како втора зад Германија заврши во групата, што значи дека ќе игра во бараж/плејоф за пласман на Светско. На „Градски“ во Скопје многу убави моменти, пароли, банери, знамиња, песна.
Она што беа Северно Ирците на Евро 2016 во Франција, сега се нашите навивачи во Романија. Во Букурешт песна не престанува, а журката не ја прекинуваа ни обилните монсунски дождови.
Македонија во недела од 18 часот ќе дебитира на најголема европска сцена, на Националната Арена во Букурешт. Прв ривал е Австрија а веќе се знае и гарнитурата со која ќе истрчаат нашите фудбалери.
Со оглед на тоа што нашето домашно првенство е такво какво што е, добро е што имаме макар тројца претставници од Прва македонска лига. Сите други играат во странство.
Еден од главните играчи на репрезентацијата, ѕвездата на шпански Леванте, Енис Барди денес го доби негативниот тест на Ковид-19 и потврди дека ќе игра на Евро2020.
Пред последната проверка за Европско првенство против Казахстан (петок 17:00), селекторот Игор Ангеловски го прослави 45-от роденден а од своите драги фудбалери доби убав подарок - вреден часовник.
Фудбалската федерација на Македонија попладнево ги промовираше дресовите кои нашите најдобри фудбалери ќе ги облечат на претстојниот континентален шампионат.
Фудбалската федерација на Романија и комитетот за организација на Евро 2020 во консултација со здравствени стручни лица, побарале од министерството за здравство дозвола за двојно повеќе навивачи.
На нешто повеќе од 2 месеци до почетокот на Европското првенство, Македонија западна во фудбалска еуфорија, а најмногу благодарение на надреалниот триумф во Германија. Играчите запалија огномет, а искри фрла и албумот со сликички Панини.
На 38 години, капитенот Горан Пандев постигна гол против Германија во историскиот и неверојатен триумф на гостински терен 1:2. Гоче го отвори резултатот и стана најстариот стрелец против Германија во историјата. Претходно Ханс Нордал од Норвешка им дал гол на 35 години во далечната 1953-та година.
Во 76' минута од мечот кој ќе влезе во аналите како победа против најсилниот противник во историјата, Македонија при резултат 1-1 имаше корнер. Енис Барди центрираше а топката чисто го удри во рака Емре Џан но судијата Сергеј Карасев не досуди очигледен пенал и не оштети.
Најдобрите македонски фудбалери рутински ја совладаа Естонија со 2-1 и освоија 3 бода кои дополнително ја приближија нашата селекција до повисок ранг во Лига на нации. Тричковски и Стојановски беа стрелци, а вториов постигна ефектен гол со глава по чудесна асистенција на ѕвездата на Наполи Елмас.
На крилја на историскиот пласман на ЕВРО2021, репрезентацијата на Македонија вечерва во Скопје ја совлада Естонија со 2-1 и е на чекор од пласман во посериозно друштво во Лига на нации.
Најдобриот македонски фудбалер во историјата, капитенот Пандев во четврток вечер по 114-ти пат ќе ја поведе репрезентацијата во нова битка. Овојпат највредна во неговата репрезентативна кариера.
24-годишниот напаѓач на тимот на Лос Анџелес, Даниел Дени Мусовски важи за големо откритие на новата сезона во најдобрата американска лига МЛС. По неколку наши и пишанија на наши колеги, селекторот Ангеловски го исконтактирал.
Македонските фудбалери, по баражот со Косово и цврсто веруваме историскиот пласман на Европско првенство 2020 летово, наесен ќе игра во група Ц од новото издание на Лига на нации.
Според хрватскиот портал Индекс.хр, УЕФА и ФИФА би можеле да ја суспендираат косовската фудбалска федерација, поради сериозно мешање на политиката во овој сојуз, што експлицитно се санкционира од двете кровни фудбалски организации.
Покрај Финска која пријатно ја изненади европската фудбалска јавност, ништо помалку труд не вложија ниту фудбалерите на Косово, една од последните членки на ФИФА и УЕФА која не е признаена од неколку земји домаќини на Евро 2020.
Во 5. коло од квалификациите за Евро 2020, најдобрите македонски фудбалери освоија драгоцен бод на гостувањето во Бер Шева, со кој остануваат во игра за второто место во групата. Аријан Адеми ја потврди животната форма од Динамо и постигна ефектен гол со глава.
Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.
Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.
„Многу се нервирам кога мојата екипа се плаши да игра фудбал“, изјави селекторот на Македонија и призна дека и покрај големината на противникот, нашите играчи го донеле резултатот пред егал.