
Барди на својот Фејсбук профил објави фотографија со натпис: „Погодете кој се враќа“, а на Инстаграм пиша:
„Ви благодарам на сите за пораките за побрзо оздравување како и за поддршката што ми ја дадовте овие денови. Се чувствувам одлично и многу брзо ќе се видиме на Европско првенство. Ви благодарам уште еднаш“, е пораката на Барди на македонски, на шпански и на албански јазик.