Одлична фудбалска вечер на „Телеком“ Арената, зачинета со страшниот гол на десниот бек на Ријека кој му ја искина мрежата на Де Хеа.
Во шестото квалификациско коло за Мундијалот следната година, македонската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија 1-2 (0-2). Голот на Стефан Ристовски ќе конкурира за најубав гол во квалификациите.