Со 4 гола и 2 асистенции на 10 меча Мусовски полека си го зацементира местото во составот на еден од најдобрите клубови во американскиот фудбал.
Сево ова беше причина нашата јавност да се заинтересира за напаѓачот кој и тоа како би ја освежил нашата репрезентација во пресрет на идните циклуси.
За порталот Гол.мк, селекторот изјавил:
„Со Мусовски веќе го остваривме првиот контакт. Лично разговарав со него, дали поседува македонски документи и дали кај него има желба да заигра за Македонија. Ми кажа дека ќе му треба малку време да размисли, а јас и натаму ќе продолажм да го следам затоа што за мене тој и тоа како е интересен фудбалер“.
Мусовски е роден во 1995 годна, игра како шпиц а добро може да се снајде и на позицијата зад напаѓачите, во улога на полушпиц. Првите сериозни фудбалски чекори ги направил во 2014 година кога потпишал професионален договор со Лас Вегас Мабстерс. Патот до Лос Анџелес го водел преку Барлингејм Драгонс, Таксон, Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868.
Мусовски пред неколку кола го доби признанието за МВП на колото во МЛС.
⚠️ BEWARE OF MOOSE ⚠️#LAFCvSEA 1-0 pic.twitter.com/EG1rEiT65R
— LAFC (@LAFC) October 11, 2020