Македонија ја доби групата за новото издание на Лига Нации

Македонските фудбалери, по баражот со Косово и цврсто веруваме историскиот пласман на Европско првенство 2020 летово, наесен ќе игра во група Ц од новото издание на Лига на нации.

На ждрепката вечерва во Амстердам, Македонија не падна во група со Албанија и Грција, за што постоеше можност пред извлекување на групите.

Лига на нации ја сфативме како мошне комплицирано натпреварување.

Претходното, прво издание на овој турнир претставуваше дополнителен пат кон Европско првенство.

На идентичен начин и новото издание на Лига на нации ќе претставува дополнителен пат кон Светското првенство 2020. Од регуларните квалификации (не Лига на нации) за Мундијалот во Катар ќе се пласираат 10 победници на 10 групи. А десет второпласирани репрезентации ќе играат во бараж.

На овие 10 во баражот ќе им се приклучат и победниците на трите турнири кои ќе се играат како и турнирите за пласман на Европско 2020 со полуфинале и финале на плејоф.

Ц Дивизија:

Група А: Црна Гора, Кипар, Луксембург, Азербејџан

Група Б: Грузија, МАКЕДОНИЈА, Естонија, Ерменија

Група Ц: Грција, Косово, Словенија, Молдавија

Група Д: Албанија, Белорусија, Литванија, Казахстан

Распоред

1. коло – 3 до 5 септември 2020

2. коло – 6 до 8 септември 2020

3. коло – 8 до 10 октомври 2020

4. коло – 11 до 13 октомври 2020

5. коло – 12 до 14 ноември 2020

6. коло – 15 до 17 ноември 2020

Финале (четири победници од А лига) – 2, 3 и 6 јуни 2021

Плејоф за опстанок – 24/25 и 28/29 март 2022