Фудбалска Македонија ја делат 90 минути од најголемиот успех во историјата на нашиот спорт - пласман на еден голем турнир: Европско првенство.
Во четврток од 18:00 играме против Грузија на гости. За тој највреден меч во нашата фудбалска историја капитенот Пандев зборуваше за каналот на ФФМ, а потоа и објави пост на Инстаграм за тоа колку му значи мечот со Грузија:
„113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости, понижувања, многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонија. Остана уште еден чекор до остварувањето на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела НАЦИЈА. Во овие тешки времиња да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. ЕДЕН за СИТЕ, СИТЕ за ЕДЕН…Да живее Македонија“, напиша капитенот.
Синоќа и УЕФА на својот својата Твитер смета УЕФА ЕУРО 2020 со прашањето кој е најдобриот капитен во вашата репрезентација објави фотографии од Горан Пандев, како синоним за предводник на една селекција:
©️ Who's your nation's best-ever captain?
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) November 10, 2020
🇲🇰 Goran Pandev has made 113 international appearances & scored 35 goals 🤩#EURO2020 pic.twitter.com/mqlNrNcvha