Македонија дефинитивно ќе игра во досегашната опрема (старата не новата).
Против Австрија ќе играме во втората варијанта од старата едитиција, во бело-сивиот дрес со бели шорцеви која важи за најомилена варијанта меѓу навивачите. Австрија номинално ќе биде домаќин на овој меч па репрезентацијата на Франко Фода избрала да игра во црни-тиркизни дресови, па нашите ќе играат во бело-сивите, објави УЕФА.
Прва варијанта на Австрија односно домашниот дрес е црвен, но УЕФА помалку нејасно одлучила дека таквиот избор бил бил тежок за распознавање со македонскиот бел кој има мали црвени нијанси на ракавите и на шорцевите.
Затоа утре Австрија и Македонија ќе истрчаат во овие гарнитури:
Македонската репрезентација денес привремено го одложи својот закажан тренинг поради обилни врнежи во Букурешт поради кои теренот на велелепната Арена во главниот град на Романија беше потопен.
На крајот УЕФА им организирала превоз и на нашите репрезентативци и на Австријците до стадионот „Генчеа“, дом на Стеауа Букурешт каде ќе одработат тренинзи во посебен термин.