Во највисоката дивизија А, пласман во полуфиналето на Лига на нации кое ќе се игра во Порто и Гимараеш во јуни 2019 за трофејот во ова натпреварување, ќе се борат Швајцарија, Холандија, Португалија и Англија.
Од друга страна, најдобрите селекции од СИТЕ останати четири дивизии (четирите победници на плејофот) во март 2020 година ќе играат полуфинале и финале за карта за Евро 2020.
Сево ова под претпоставка некоја од овие селекции во меѓувреме да не обезбеди пласман на Евро 2020 преку традиционалните, класични квалификации кои ќе се играат од 21 март 2019 до 31 март 2020. Доколку обезбеди пласман преку квалификациите, тогаш нивното место го зазема првата селекција зад нив во Лигата на нации.
Групната фаза во Лига на Нации заврши и конечно добивме широка слика за состојбата:
Во А дивизија ситуацијата е следна:
Во ранг подолу испаднаа Германија, Хрватска, Исланд и Полска а нивното место во реномираната А дивизија за следниот циклус на овој турнир, го обезбедија Украина, Шведска, Босна и Херцеговина и Данска.
Место и натаму во А дивизија си сочуваа Белгија, Италија, Шпанија и Франција.
Каква е состојбата во Б дивизија:
Од оваа лига, во послабата Ц лига испаднаа Словачка, Турција, Северна Ирска и Република Ирска.
Во плејофот за пласман на Европско од оваа дивизија ќе играат Шведска - Босна и Херцеговина и Украина - Данска, селекции кои во следниот циклус ќе играат во А дивизија. Местото во Б лига го задржаа Чешка, Русија, Австрија и Велс.
Состојбата во Ц дивизија:
Еден ранг погоре, во група Б се качуваат Шкотска, Србија, Норвешка и Финска со тоа што во полуфиналето на плејофот во март 2020 ќе играат Норвешка - Србија и Шкотска - Финска. (*под претпоставка некоја од споменатите селекции да не се пласира на Евро2020 преку квалификациите).
Местото во Ц дивизија го задржаа Израел, Унгарија, Грција и Бугарија а од Ц во Д испаднаа: Естонија, Словенија, Литванија и Кипар.
Според новото правило на УЕФА од својата група во Лига на нации испаѓа и најлошата третопласирана селекција. На оваа мини табела: Албанија има 7 бода, Грција 6, а Кипар и Црна Гора по 1 (Црногорците куртулија од испаѓање поради подобрата гол-разлика - имаат 1 гол повеќе од Кипар) па затоа Кипраните испаѓаат во најслабата Д лига.
Состојбата во Д дивизија:
Веќе е јасно дека нашата фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето на плејофот за пласман на ЕП 2020 ќе го има Косово и тоа во март 2020 година. Другиот полуфинален пар го сочинуваат Белорусија - Грузија. Точниот датум на одигрување на плејофот уште треба да се допрецизира.
Од оваа дивизија Д пласман во повисок ранг обезбедија Македонија, Грузија, Белорусија и Косово, додека сите останати селекции и во следниот циклус на Лига на нации остануваат во последната Д дивизија: Луксембург, Молдавија, Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн.