Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе неколку пати контактирала со Кристиан Шекуларац. Неговиот дедо Мирко е роден брат на легендарниот Драгослав Шекуларац, едно од најголемите фудбалски имиња на овие простори, инаку роден во Штип, па прославен во Црвена звезда.
Младиот Кристиан има 18 години и игра лево крило или централен играч за врска за младинскиот состав на Јувентус. Досега во кариерата играл за сите младински репрезентации на Швајцарија: У-15, У-16, У-17, У-18, У-19. Поседува швајцарско, германско и државјанство на Велика Британија.
Во јануари 2019-та и официјално стана член на гигантот за кој потпиша договор по трансферот од швајцарски Сервет. Интересно, цели 60 години откако дедо му Драгослав не можел да направи трансфер во богатиот Јувентус поради забраната во тогашна СФРЈ за премини во странски клубови, сега внукот Кристијан игра во Јуве.
✅✍️ Calciomercato - #Juventus, ufficiale il tesseramento del talento 🇨🇭 classe 2003 Kristian #Sekularac dal #Servette.
— Giovani Bianconeri (@GiovaniBN) January 29, 2020
➡️ https://t.co/CD0M6RQkmD pic.twitter.com/mKSG5hvuyZ
Покрај Кристијан, цел на македонската фудбалска федерација е уште еден голем талент на Јувентус, Албијан Хајдари кој исто така редовно играл за сите младински селекции на Швајцарија.
Кристиан Шекуларац е роден во Лондон на 7 декември 2003-та година, а потоа со семејството се сели во Швајцарија. Првпат со фудбал сериозно почнал да се занимава во Женева а подоцна играл за Сервет каде блеснал и го привлекол вниманието на европските големци.
Кристиан игра во среден ред, најчесто продира како лево крило, а може да покрива и други позиции на средината од теренот.