Иако во албумот ги нема селекторите, туку само фудбалерите, еден наш колекционер смисли добра идеја како сам да изработи сликичка и да го смести и Игор Ангеловски меѓу нашите.
„Правиш сам Панини сликичка со ликот на "Мрме". На местото North ја лепиш со секундарен!“
Упатство за лепење Панини 👇
— Прва Лига (@PrvaLigaMK) April 5, 2021
➡️ Чекор 1. Правеш сам Панини сликичка со ликот на "Мрме".
➡️ Чекор 2. На местото North ја лепиш со секундарен!#НапредМакедонија🇲🇰 pic.twitter.com/xgA409KHHZ
А еве што кажа селекторот Ангеловски на тоа што навивачите лепат и негова слика во албумот:
„И јас како дете бев колекционер и со нетрпение го чекав времето кога Македонија ќе ја има на тој албум. Среќен сум што нашите деца сега ќе може да собираат сликички со наши репрезентативци, а уште посреќен сум на тоа што некои најдоа место и за мене на тој албум. Сакам јавно да им се заблагодарам на тие што им дојде таа идеја, што ја реализираа и што ми даваат поддршка. Тоа е прекрасен начин за да го поздравите оној кој го почитувате“, изјави селекторот Ангеловски за МРТ.
Интересно по само пар дена од пуштање во промет, албумот „Панини“ за Евро2020 доживува рекордна продажбаво нашава земја. Сосема очекувано.
Македонија во албумот со сликички Панини
Од албум со сликички во подрум до милијарди евра и долари - Приказната за Панини
Мрме е цар застанал да чека ред за панини албум