Репрезентацијата на Италија е во криза?
Безусловно да. Притоа се работи не толку за слаби резултати, туку во моментов Италијанците не го гаат националниот стил. Никој веќе не е уверен дека двомечот со Шведска ќе заврши поволно за нив.
Кои се причините за лоша игра?
На традиционалниот и конзервативен селектор на Nazionale му се замерува за две работи: неправилна тактика и неправилна кадровска политика. Џанпјеро Вентура заслужено доби „двојка“ од италијанската јавност за тоа како ја води селекцијата.
Основната тактичка пропуст на Вентура
Од Контеовата 4-2-4, Вентура премина на 4-4-2. Целиот младински сектор на Италија игра во формација 4-3-3 и соодветно на тоа така ги спремаат за сениорски фудбал.
Дури и Луиџи Дел Нери, последниот рицар на школата на Ариго Саки одамна се откажа од формацијата 4-4-2. Од таа причина играчите не успеваат да се пронајдат и селекторот за кратко време на собирите не може да очекува тие да ги исполнат неговите барања.
Зошто на играчите од среден ред им е тешко да се адаптираат на 4-4-2?
Во ваква формација противниците на Италија често имаат бројчана надмоќ особено кога најистурените напаѓачи не се враќаат назад. „Аѕурите“ се навикнаа секогаш да има mediano, играч задолжен за излез од одбраната и уште две крила (mezzala). Ти се наоѓаат повисоко и може да исполнуваат разни функции. Во таква поставеност симетријата е сочувана што дава поголем број варијанти како во позициониот напад така и во време не пресинг.
Кога на средината има двајца исти играчи за врска тие се должни да бидат универзални - како Рајкард и Анчелоти на времето. Тоа е еден од постулатите на теоријата на Саки кој прв во Италија ја култивирал 4-4-2. Вентура како да не разбира зошто средниот ред кај него е послаб од претходните селектори.
Што друго не штима кај Вентура?
Сите останати тактички промашувања. На пример во клубот Лоренцо Инсиње е навикнат да игра како крилен напаѓач на кого грбот му го чува не само бекот, туку и Хамшик (или Зјелински).
Не само што го чуваат, туку постојано се надополнуваат еден со друг. Во репрезентацијата Лоренцо е принуден да се враќа длабоко назад. Италијанските новинари веќе го нарекоа terzino што значи бек. Затоа Инсиње во репрезентацијата не ги покажува своите квалитети.
Освен тоа, Вентура напред ги користи Белоти - Имобиле. Во клубовите секој од нив игра единствен центарфор и од таа причина тие двајца дејствуваат толку близу еден со друг. Селекторот на Италија порано го тренираше Торино и има носталгија за „Близнаците“ - така во свое време во Торино ги викале и Франческо Грациани и Паолино Пуличи.
Можно е дека Вентура носталгично сака некогашниот тандем од Торо да го наметне и во репрезентацијата. За сега резултатите се жални.
Што не чини во кадровската политика?
Прво, долго време не го викаа Жоржињо кој претходно играше за репрезентацијата на Италија а нов повик не доби во последно време. Играше лани кога сите веруваа дека ќе стане важна фигура но не доби права шанса. Вентура вели дека не го вика поради тактичката несоодветност на играчот од среден ред на Наполи и Жоржињо за малку не избрал да заигра за репрезентацијата на Бразил.
Не е генијален, но е исклучително физички надарен и важи за клучна фигура во средниот ред.
Второ, брзо откажување од Грациано Пеле кој многу направи за репрезентацијата во минатиот квалификациски циклус за ЕП 2016. Меѓу селекторот и Пеле настана конфликт по замената на еден од мечевите. Иако Пеле јавно се извини, прашањето за негово враќање беше затворено.
Трето, игнорирањето на Симоне Ѕаѕа кој блеска во Валенсија. Ценетиот центарфор е почитуван на Пиринеите но не и на Апенините иако одлично функционираше и со Белоти и со Имобиле. Кај Конте играа Ѕаѕа и Чиро Имобиле кои ги менуваа улогите, обично еден од нив се повлекуваше поназад во улога на втор шпиц.
На крај, заборавот на Себастијан Џовинко кој можеше да стане ’италијанскиот Мертенс’ и херојот на Купот на Конфедерации и ЕП, Емануеле Џакерини, па зошто да не и Марио Балотели кој во репрезентацијата играше добро и одамна заслужи нова шанса.
Општ впечаток е дека Вентура некои фудбалери не е спремен да ги повика ниту во сон. Другите добиваат покана за базата Коверчано во зависност од нивната форма.
Слаби поколенија
Ако не се набљудува епохата на „Гранде Торино“ од ’50-те години, наваму секоја генерација како да беше послаба од претходната.
Единствен исклучок е втората половина на 1970-те кога во Серија А имало 10-годишна забрана на странци па ефектот се одразил на Светското 1978 кога Кабрини, Роси, Џентиле, Тардели, Ширеа и Антониони блескале во Аргентина а четири години подоцна и го кренале златниот пехар од Мундијалот.
Сега веќе 10 години италијанските младински селекции - од U17 до U23 не можат да освојат ниту еден турнир. Така како што успеваат младите нарастаи на сите големи репрезентации - Шпанија, Германија, Франција, Англија. Последниот голем италијански играч се родил во 1979 година а од ’80-те само Де Роси претендира на таа титула. Претходно мајстор се раѓал секоја година.
Шведска фаворит против во баражот против Италија?
Не е. Благ фаворит е Италија но веројатноста на пласман на Шведска е околу 45% што не е воопшто малку. Италијанците се под поголем притисок и стравот само може да ги присили да играат подобро. Дополнителен проблем е истата формација 4-4-2 која што ја играат и Швеѓаните.
Последен пат кога Италија не се пласирала на еден Мундијал било Светското 1958 година. На тој турнир „Аѕурите“ не осигурале пласман а симболично противник им била токму Шведска. Последен пат Италија играше во финале на едно Светско пред 12 години.
Италија е непоразена од Шведска на последните пет меѓусебни средби (4 победи 1 нерешена), но Швеѓаните дома изгубиле само еднаш на 8 меча против Италија (4 победи 3 ремија и 1 пораз). Шведска нема изгубено натпревар на 7 меча дома по ред (6 победи и 1 реми), а Италија на гости во квалификациите имаше 4 победи и 1 пораз. Првиот меч е во петок на 10. ноември на „Солна Арена“ во Малме од 20:45 а реваншот е на 13. ноември.
Што да прави Вентура?
Прво: максимално да ги искористи клупските врски како на приер на десно крило Интеристите Д’Амброзио и Кандрева кои играат во сјајна форма. Не треба да обрнува внимание на имиња.
Второ: Внимателно да ја гледа формата на играчите. Да ги следи Инсиње и Ел Шарави затоа што и двајцата можат да играат заедно од почеток.