ПСЖ одигра 1:1 на гостувањето против Лион, кој сезонава игра слабо и е 11-ти. Но Парижаните се комотни на врвот со +11 пред Ница и Марсеј. Ама комотен со топка синоќа беше и Пакета кој даде гол и си поигра со Марко Верати.
Сите тројца ја почувствуваа жестината со која се водат битки да се стане прволигаш. Се искалија со мангуп тренер, направија одлични трансфери, станаа протагонисти и стигнаа до ниво да ги елиминираат Белгија, Шпанија и Англија.
Килијан Мбапе е ладнокрвен егзекутор кој синоќа на својот прв настап некогаш на Камп Ноу и против Барселона воопшто, им ја наполни мрежата. Ама човек од позадина кој ги влече сите конци на играта на Парижаните е неверојатниот Марко Верати. Италијанецот игра како Иниеста на времето.
Левиот бек на ПСЖ и француската репрезентација Курзава, ги снима Килиан Мбапе, Леандро Паредес и Маркињос како опасно си додаваат со мобилниот на Верати во базен. Италијанецот од страна ги моли да му го вратат.
Добро бе жено нели гледаш дека немам денес тренинг, немам утакмица и не сум во карантин. Гладен сум, ама не за тост. Е сега он па појма нема дека максимум што може да добие во тој момент е сепак тост. Зошто? Затоа што се снима.
Марко Верати е метро и желба за растење, 165 см има, ама за ова не треба да имаш висина, туку мозок и умешност. Погледнете каков курназ излезе, двајца не можеа да му ја земат. Плус тука имаш и тегнење, држење за рака, ама џабе.
Репрезентацијата на Италија го освои второто место во нашата квалификациска група и за да не го пропушти Светското ќе мора да ја победи Шведска во двомеч. Првиот дуел е во петок.
Андреа Пирло го нема повеќе во репрезентација, ама затоа тука е Марко Верати моторот на екипата на ПСЖ кој обично го има на терен онаму каде што е топката. На 16 години си дозволи да одбие два италијански гиганти, а сега Јувентус за него нуди 80 милиони евра. Па сега видете колку вреди.
Ако некој треба да добие посебни честитки за тоа како се носеше со “непобедливата“ Барселона, тоа сигурно е Марко Верати. Моторот на екипата на ПСЖ го има секаде на терен, брка, клиза, се бори за секоја топка и дели прецизни пасови. Со 24 години држи лекции за тоа треба да се држи средниот ред. Goal.com вчера напиша дека тој ќе бил наследник на Чави во Барселона.
Има само 24 години, но зад себе брои 13 трофеи, сите со ПСЖ каде направи спектакуларен трансфер од Пескара на 19 години. И Парiжаните и Аѕурите со него добија мотор во екипата.
Кога ја гледаш играта на ПСЖ не треба да ти бега окото само кај Златан. Силна страна во играта на Парижаните е и средниот ред каде веќе четврта сезона гази Италијанецот кој дојде од Пескара.
Ваков рискантен потег (термин кој го користеа постарите коментатори) на маалски фудбал правеа тие што беа себични и што сакаа да ја влечат топката од едниот до другиот гол.
Пред две години беа дел од екипата на Пескара која по дури 20 години ја однесоа во Серија А. Потоа се разделија и направија трансфери како од соништата, а сега селекторот Прандели повторно ги спои и ги стави на списокот на италијанската репрезентација.
Доказ за тоа е екипата на Пескара која од врвот во втората италијанска лига стигна до Серија А, но веднаш падна на дното и се врати во второлигашкото друштво. Стратегијата која ја направија челниците на клубот за да направат кам бек во прва лига по 20 години, им падна во вода.