Ако некој треба да добие посебни честитки за тоа како се носеше со “непобедливата“ Барселона, тоа сигурно е Марко Верати. Моторот на екипата на ПСЖ го има секаде на терен, брка, клиза, се бори за секоја топка и дели прецизни пасови. Со 24 години држи лекции за тоа треба да се држи средниот ред. Goal.com вчера напиша дека тој ќе бил наследник на Чави во Барселона.