Како Алекс Фергусон само еднаш во кариерата бил селектор

Единствениот пат кога славниот Шкот тренирал репрезентација било во 1985-та година кога тогашниот селектор на Шкотска починал на сред меч и останале без предводник.

Ќе се вратиме 47 години порано кога некој млад фудбалер Александар Фергусон решил да ја заврши играчката кариера и на 33 години да се проба како тренер.

Единствен клуб кој прифатил да му даде шанса (сите го одбиле поради неискуство), Ист Стерлингшир, му предложил 40 фунти неделно.

По успесите со малиот анонимен клуб, за Ферги се заинтересирале поголемите екипи па набрзо станал тренер на Абердин. На новото работно место младиот Фергусон направил сензација - освоил титула во прва лига, освоил Куп и Куп на Купови. Во меѓувреме Алекс го сонувал местото селектор на Шкотска - така би се приближил кон својот идол, легендарниот менаџер Џок Стејн.

Почитта кон Стејн Фергусон ја изразил во следните години. Во неговата канцеларија на видно место стоела фотографијата со Џок: „Сликани сме на мечот Шкотска - Велс на 10. септември 1985-та година квалификации за Светско 1986. Таа вечер тој почина“, се сеќава Фергусон.

***

1985. Следното лето 1986-та се игра Мундијалот во Мексико. За да се пласираат таму Шкотланѓаните треба да изборат макар бараж во тешка група со Шпанците и Велшаните. Пред решавачкиот меч сценариото било вакво: Ако Шкотланѓаните одиграат макар нерешено со Велс во Кардиф, ќе одат во баражот. Ако не... ништо.

Селектор на Шкотска бил големиот Џок Стејн, учителот на Фергусон кој станал негов помошник. Деновите пред дуелот со Велс биле бескрајно стресни. Под пресија бил дури и Стејн кој станал првиот тренер кој освоил Куп на европски шампиони со еден британски клуб (Селтик 1967-ма, тим собран од играчи од Глазгов).

Џок добро паметел како го раснпале весниците после домашниот пораз од Велс. Сега тензијата била уште поголема.

Во својата прва и легендарна автобиографија "Managing My Life" сер Алекс Фергусон ја опишува ноќта пред мечот.

Тој едвај успеал да задреме во хотелската соба кога некој му чукнал на врата. Тоа бил Стејн. Дошол да поразговараат за тешкиот натпревар кој ги чека. Алекс приметил дека иако имал позитивен став, во гласот на неговиот животен идол се чувствува напнатост.

Набрзо Џок повторно се појавил на врата кај Фергусон, ја треснал својата врата и Алекс го повикал персоналот со кој се согласиле да остане во собата кај селекторот Стејн. На маса имало сируп и две шишенца со апчиња.

Кога утредента почнал дуелот, Шкотска брзо примила гол и на паузата соблекувалната се тресела од нервоза. Се испоставило дека голманот изгубил една од контактните леќи на теренот и не го испратил добро летот на топката при голот на Велс.

За Фергусон не било изненадување тоа што голманот не сакал да остане на клупа за резерви, туку тоа што воопшто имал проблеми со видот затоа што бил голман и на Абердин а Фергусон тогаш имал репутација на тренер кој знае се за сите свои играчи. Селекторот Џок Стејн бил бесен што никој не му кажал дека голманот носи контактни леќи.

„За ова подоцна ќе се разбереме“, му рекол Стејн на Фергусон.

До такво нешто никогаш не дошло. Шкотска израмнила од пенал во 81’ минута:

Кога топката му поминала низ раце на велскиот голман Невил Саутхол и влегла во голот, Стејн не кажал ништо. Кога отргнал еден од фотографите близу клупата, Фергусон видел дека со Џок нешто не е во ред. Почнал нагло да се поти а лицето му станало црвено. Цело второ полувреме Алекс не тргнал очи од селекторот и побарал од лекарот на репрезентацијата да внимава на селекторот Џок Стејн.

На две минути до крајот судијата свирнал фаул, а Стејн мислел дека тоа е свирка за крај и тргнал кон противничката клупа. Направил чекор, два и паднал на земја. Фергусон се стрчал заедно со докторот, го фатиле Џок под раце и го однеле во подтрибинскиот простор каде им го предале на редарите.

Мечот завршил нерешено но играчите кога дознале што се случило со селекторот не се радувале на обезбедениот бараж. Фергусон на кратко ги пофалил фудбалерите за извршената задача и истрчал кон медицинската соба. Пред вратата таму плачел суспендираниот капитен Грем Сунес.

„Изгледа умре“, кратко рекол Сунес.

Лекарите не можеле да го спасат селекторот кој ја приближил репрезентацијата на Шкотска до четвртото Светско првенство по ред. Неговите последни зборови биле: „Се е во ред“. После тоа пулсот веќе не му работел.

Долги години подоцна се пишувале разни верзии за неговото здравје. Работата на срцето му била ослабната, тој знаел за проблемите но неколку дена пред мечот престанал да ги пие лекарствата. Не сакал да биде поспан и сакал да биде целосно посветен.

Сер Алекс Фергусон со играчите на Абердин на погребот на Стејн

Сер Алекс Фергусон научил многу од селекторот Стејн - како за тактиката и психологијата, така и за животот. Во секоја од своите три книги Фергусон долго раскажува за Џок Стејн.

„Џок беше забавен човек. Се сеќавам како еднаш заедно со него во репрезентацијата на Шкотска ја победивме Англија со 1:0 на Вемби во мај 1985-та. После тоа полетавме во Рејкјавик на меч со Исланд и сите беа самоуверени после победата. Ноќта имавме прекрасна вечера со лосос и со икри. Џок никогаш не пиеше алкохол, но вечерта го убедив да испиеме бокал бело вино во чест на победата над Агнличаните.

На дуелот против Исланд едвај победивме минимално а играта беше катастрофална. После тоа Џок дојде до мене и ми рече: „Виде ли? За се си крив ти и твоето бело вино“.

По смртта на Стејн шкотската фудбалска федерација го назначила Фергусон за селектор. „Секој од нас знаеше дека во чест на Џок мора да се пласираме на Светското 1986-та“, пишува Фергусон во автобиографијата.

На патот до таму им се нашле Австралијците. Денес е тешко да се сфати како, но тогаш една селекција од европските квалификации играла бараж за Светско против најдобрата репрезентација од Австралија и Океанија во меѓуконтинентален бараж.

Легендарниот Кени Даглиш против Австралија

Тука немале проблем и лесно ја поминале Австралија благодарение на домашниот триумф од 2:0. Но на ждрепката за Мундијалот немале среќа. Им се паднале Западна Германија и Уругвај.

Во Мексико не отпатувал најдобриот напаѓачки тандем на Шкотите, Кени Даглиш и Алан Хансен. Кени не добил дозвола од лекарите поради повреда а Фергусон се сомневал во Хансен.

Ферги и федерацијата одлично ја разработиле организацијата но тоа не им помогнало на Светското. Изгубиле 0:1 од Данска, 1:2 од Западна Германија и нерешено со Уругвај. Јужноамериканците веќе биле испаднали но Шкотланѓаните не ја искористиле шансата.

По тоа испаѓање Алекс Фергусон веќе никогаш не се вратил во репрезентативен фудбал. Два-три пати добивал серионо понуди од англискиот сојуз но не ја сменил одлуката: никогаш веќе селектор.