Македонската фудбалска репрезентација својот полуфинален меч од плејофот за Европско првенство 2021, ако нема нови поместувања, ќе го одигра на 8. октомври против Косово во Скопје.
На денешниот состанок луѓето од УЕФА одлучиле полуфиналните дуели да се играат на 8. октомври, а финалните средби се закажани за 12 ноември.
УЕФА реши и дека септември, октомври и ноември ќе бидат месеци за одигрување на втората едиција на Лига на нации со по 2 натпревари во секој месец, а во октомври и ноември плус ќе се играат баражите.
Македонија ќе игра против Косово и ако победи, на 12 ноември ќе игра против Грузија или Белорусија на гостински терен.
Во случај на триумф, македонската фудбалска репрезентација во ноември би можела да го прослави првиот историски пласман на едно Европско првенство.
Шефот на комисијата за натпревари на УЕФА Џорџо Маркети соопшти дека остануваат и истите градови домаќини на Европското првенство одложено за следното лето 2021.
ШТО СО ЛИГА НА ШАМПИОНИ?
Како што беше најавено, УЕФА реши финалната етапа да се доигра во Лисабон во формат Фајнл 8.
Во четвртфинале веќе се пласираа Аталанта, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Ред Бул Салсбург, а уште четири учесници ќе се дознаат по реваншите кои ќе се играат на 7 и 8 август: Јувентус - Лион (0-1), Барселона - Наполи (1-1), Манчестер Сити - Реал Мадрид (2-1) и Баерн Минхен - Челси (3-0).
Ждрепката за 1/4 финале ќе биде влечена на 10 јули.
Познато е дека четвртфиналните дуели ќе се играат од 12 до 15 август, а полуфиналињата на 18 и 19 август.
Финалето на Лига на шампиони е планирано за 23 август исто во Лисабон.