1,5 милиони луѓе излегоа на шампионската парада на Торонто Репторс

Синоќа во Торонто се одржа првата шампионска парада во историјата на овој град. На улиците излегле повеќе од 1,5 милиони жители. Првите почнале да се собираат уште во 5 сабајле. Имало пукотници, огномети, истрели, нереди и многу испиен алкохол.

Стари, млади, мажи, жени, цел Торонто на улица да ги поздрави своите шампиони кои под мотото #WeTeNorth се провозеа со отворен автобус низ градот.

Навивачите на Репторс не го изневерија својот тим кој им ја донесе историската прва шампионска титула. Во толпата имаше и „лажен“ Кавај Ленард со кого луѓето се сликаа

Шпанскиот репрезентативец Марк Гасол испи шише вино на екс:

Градоначалникот на Торонто од своја страна направил сè што може за Кавај да остане па така му ги дал клучевите од градот:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🗣: MVP MVP MVP

A post shared by Toronto Raptors (@raptors) on

Кајл Каури во отворениот автобус го носеше пехарот облечен во дрес од Дејмон Стадемаер, првата ѕвезда во историјата на Репторс. До него раперот Дрејк кој бурно ги следеше натпреварите цела сезона крај паркетот. 

Во еден момент на плоштадот Натан Филипс наводно започнала вооружена престрелка: две лица биле ранети и завршиле во болница а две биле уапсени. Церемонијата во еден момент отиде во друг правец:

МВП на финалето и најдобриот играч сезонава во НБА, Кавај Ленард во еден момент го заврши својот говор на бината со својата ретко видена насмевка (никогаш и никаде не се смее па навивачите едвај чекаат да го видат како изгледа кога се смее):