На Олимпико во Рим Наполи после поуспешно изведување пенали го совлада Јувентус со 4-2. Ова беше прв трофеј за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас откако е во Италија, а и прв трофеј во тренерската кариера на Џенаро Гатузо. Голем, сериозен пехар.
Во Рим се играше нормално пред празни трибини зошто забрането е присуство на гледачи поради глобалната пандемија.
Ама затоа откако Мертенс го крена пехарот на Олимпико, во Неапол почнало лудо славје на улиците:
Дури и тие кои останале дома, тешко дека можеле да спијат после полноќ:
Додуше и дали некој воопшто останал дома синоќа во Неапол:
Градот се тресел од огномети, петарди, топовски удари и факели
СРЦЕ ПЛАНИНА НА ГАТУЗО - ЈА ИЗГУБИ СЕСТРА МУ ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА, ПА ИНСПИРАТИВНО ОСВОИ КУП