Клупскиот автобус на Реал и народниот пречек во Сибелес

Управата на кралскиот клуб решила голема фиеста по повод титулата во Ла Лига да има на „Сантијаго Бернабеу“ но по одигрувањето на финалето на ЛШ. Затоа синоќа десетици илјади Мадриѓани ги поздравија шампионите на легендарниот плоштад Сибелес каде Реал ги прославува сите трофеи.

Реал Мадрид победи на гостувањето во Малага и после 5 години стана шампион на Шпанија: Решавачки головите на Кристијано Роналдо и Карим Бензема

Кристијано Роналдо отвори, Карим Бензема затвори. Два гола доволни да се почне шампионската фиеста. Сега на 3. јуни Реал го чека големото финале и најважниот меч од сезоната против Јувентус во Лигата на шампионите.

Прославата после мечот во Малага:

Пречекот на плоштадот Сибелес во Мадрид, го закачнаа и Пике со скандирање Pique cabron saluda el campeon: