Како цел Сан Антонио го славеше Денот на Тим Данкан

Вака големо уважување кон еден играч во НБА ретко кој град имал како што тоа го манифестираше Сан Антонио вчера, официјално на Денот на Тим Данкан. И старо и младо му изрази благодарност за се што направи во црно-белиот дрес 21.

21 јули во тексашкиот град ќе биде посветен како Ден на легендарниот кошаркар кој пред неколку дена реши да ја заврши професионалната играчка кариера и замина од Спарси.
 
Како за првпат, прославата на овој ден кој градот Сан Антонио планира да го слави секоја година на 21-от ден од јули помина скромно, во духот на самиот Тим Данкан. Пред неколку дена, градоначалничката на Сан Антонио, Иви Тејлор потпишала декрет со кој на секој 21-ви (во чест на бројот на Данкан) јули ќе бидат организирани прослави.

Најинтересниот перформанс дента го направиле пожарникарите од градот со учество на неколку локални полицајци:

Главниот кинотеатар во градот даде свој придонес во уважувањето на големиот Данкан:

Празнувало вчера и младо и старо во Сан Антонио:

Посебно внимание привлече и банерот пред Градската куќа на кој пишуваше: „Фала, Тим":

Сите го знаат бројот 21: