Со француски знамиња и беретки од петли, како асоцијација на Франција, навивачите на Северна Ирска синоќа еуфорично го прославуваа историскиот прв пласман на ЕП 2016-та.
На Виндзор Парк во Белфаст, избраниците на Мајкл О'Нил ја совладаа последнопласираната Грција со 3-1 и по успешните гостувања во Будимпешта, Букурешт и Атина, заслужено чекираа карта за Франција. О'Нил е само третиот селектор во историјата на Северна Ирска што ја одвел оваа земја на едно големо натпреварување. По магичните 3-1 против Грција, Северна Ирска за првпат ќе учествува на едно Европско.
„Сега може да мислиме на турнирот. Ние нема само да отидеме таму и да уживаме. Ќе одиме да се обидеме да направиме нешто повеќе. Јас верувам во нашите способности и мислам дека може да одиме во Франција со реален оптимизам“, изјави смирениот 46-годишен О'Нил кој од 2011 ја води Северна Ирска.
Питер Доерти во 1958 и Били Бингам во 1982 и 1986 година ја одвеле Северна Ирска на Светско првенство, а денешната селекција е прва која што ќе игра на едно Европско. И покрај отсуството на повредениот Кајл Лаферти, најдобриот играч на Северна Ирска кој е прв стрелец со 7 голови, Зелено-белите ја совладаа Грција со двата гола на Дејвис и еден на Мегенис.
И покрај ограниченото тренерско искуство, потенцијалот на Мајкл О'Нил се виде уште во ирскиот клуб Шамрок со кој успеа да стигне до групната фаза на Лига Европа кога пред неколку сезони успеа да го елиминира белградски Партизан.
Ниту очајниот настап во квалификациите за претходниот Мундијал во Бразил лани, кога С. Ирска имаше само една победа на 10 натпревари не го поколеба фудбалскиот сојуз на оваа земја да му даде нова шанса на О'Нил. И не згрешија.
Головите кои ја одведоа Северна Ирска на Европско првенство:
Еуфорична прослава на историскиот пласман: