Џои Бартон одново е во Премиер лигата. Тој ќе може да игра за Барнли од јануари кога ќе се отвори трансфер преодниот рок. Голманот Том Хитон го вратил Џои во WhatsApp групата на Барнли од која Бартон излегол на почетокот на летото со цел да се посвети себе само на Глазгов Ренџерс.
Џои во Глазгов се задржа само 133 дена - толку било доволно да заглави во две непријатни приказни и да ја објави многустрадалната автобиографија.
За почеток збор-два за оние кои пропуштија како Бартон живеел во последните 12 месеци. Во летото 2015-та тој потпиша договор со второлигашот Барнли, и како поранешен фудбалер на Манчестер Сити, Њукасл, Квинс Парк Ренџерс, ги изненади сите со настапите поради што го прогласија за играч на годината во Чемпионшип. Бартон беше најзаслужен што Барнли се пласираше во Премиер лигата.
И не така лошо за фудбалерот кој го имаше повеќе по хрониките отколку во спортските вести. Во една емисија на BBC Radio 5 live Џои неодамна раскажа зошто се одлучил во мај лани да потпише со Ренџерс: „Јас никогаш не сум играл за супер клуб во Англија и сакав да видам што значи тоа“.
А потоа открил зошто се тргнало наопаку: „Новинарите беа многу критични кон мене додека бев таму. Очекуваа од мене да видат играч како Нејмар или Меси и тоа беше проблем“, изјави Бартон.
Џои немаше многу време да покаже што знае во Шкотска затоа што одигра само 8 натпревари. Последниот меч беше најважен - првото негово дерби „Олд Фирм“ против Селтик. Прво дерби по враќањето на Ренџерс во најдобрата шкотска лига.
Во предвечерјето на дербито Џои Бартон ја подгреал атмосферата со изјавата дека тој и капитенот на Селтик, Скот Браун доаѓаат од различни лиги и дека неговиот квалитет е неспоредлив со оној на Браун. Така и се испостави: Селтик на Брендан Роџерс го понижи вечниот ривал со 5:1, а Бартон беше понижен и лично:
Навивач на Селтик се јавил во полиција, се претставил како Нико Крањчар и пријавил изгубен човек. Кога операторот прашувал информации, навивачот рекол дека Џои Бартон последен пат го виделе во џебот на Скот Браун.
Но проблемите биле уште на почеток.
Кога на тренинг ги анализирале причините за неуспехот, Англичанецот решил да каже се што му лежи на душа. На неговиот говор дека екипата не била доволно добра, соиграчот Ендрју Хилидеј му одговорил дека така може да се однесува во „својот Ливерпул, а не тука“, после што се скарале а Бартон бил избркан од тренинг.
Не играл ниту на следниот меч и пет дена не се појавил на тренинг во базата. Како одговор Џои решил да твита на Твитер, но тоа не му помгнало затоа што одбил да му се извини на тренерот Марк Ворбертон по што добил уште три недели суспензија.
По уште еден состанок добил нова недела на прогонство. На крајот дошол на тренинг каде збеснал кога обезбедувањето не го пуштило да паркира на ВИП паркингот за играчите. По заминувањето од Глазгов брзо се договори со Барнли.
Џои Бартон во јануари ќе мора да го пропушти првиот меч за Барнли поради тоа што јавно се кладел на фудбал и прекршил 44 ставки од правилата во Шкотската фудбалска лига. Сослушувањето во суд неколку пати било одложувано, но мини-суспензија не му бега.
Во сиот тој хаос, Бартон успеа и да ја објави автобиографијата под наслов No Nonsense.