Британската јавност и натаму се занимава со случајот „банер“ чиј „главен уредник“ бил 24-годишниот Џејк Хепл.
Овој млад навивач на Барнли платил авионска порака над стадионот „Етихад“ во Манчестер а авионот леташе над стадионот во моментот кога фудбалерите на двата тима клекнаа на колено во знак на поддршка на протестите од организацијата Black Live Matters во САД и други земји. Овој натпис на дресовите периодов го носеа сите фудбалери во Премиер лигата на официјални натпревари.
Клубот Барнли, капитенот на екипата и извршниот директор Нил Харт буквално брзаа кој попрво ќе го осуди овој настан и ќе се огради од него. Голем дел од јавноста во коментари го нападнала Џејк Хепл дека неговата постапка е одвратна.
А тој им одговорил:
Хепл по признанието го следеле неколку постапки: прво полицијата на Ланкашир отворила истрага за случајот но како почнала така и завршила, не нашла никакво кршење на закон или престап.
Но така не мислеше и клубот Барнли којшто доживотно го суспендираше својот навивач и му забрани посета на страдионот. Како изгледа, Барнли тешко да се предомисли во иднина.
Џејк Хепл во меѓувреме бил отпуштен и од работа поради банерот. Тој бил заварувач/мајстор во големата компанија Paradigm Precision која што решила да му врачи отказ на својот вработен после скандалот.
Со навреди и критики на социјалните мрежи се соочила и неговата девојка, 21-годишната Меган Рамбадт која работела во компанијата Solace Foot Health and Reflexology (педикир, масажа на нозе и се останато) и добила отказ.
Хепл раскажал дека на таква акција го навел нападот во Рединг на неколку часа пред мечот Манчестер Сити - Барнли, кога еден бегалец од Либија со нож напданал и убил три минувачи во парк.
„Ја слушнав оваа идеја од еден фудбалски пријател. Тој сакаше да каже дека не се само „Животите на црнците важни“ но важни се и на белците и на сите останати. Ми се допадна таа идеја и сигурен сум дека треба да се збори за тоа. А после се случи нападот во Рединг и помислив дека сум должен повеќе да учествувам во тоа со банерот. Ме разгневи што беа убиени бели луѓе а никој ништо не кажа за тоа“, раскажал Хепл.
Но во Англија има и поединци кои го бранат младиот Џејк:
How can it be possible in England that a man is fired from his job for flying a 'white lives matter' banner, outside of his work? This is freedom of expression. If this is not allowed we are living in a politically correct totalitarian tyranny. https://t.co/mAp7SXYVJy
— David Kurten (@davidkurten) June 24, 2020
„Јас не сум расист. Гледам дека сакаат да ме претстават како таков, но не е така. Имам многу другари црнци и азијати, а мојот банер беше само инспириран од движењето Black Lives Movement. Ние не сакавме да го навредиме тоа движење или пак црнците. Но сметам дека е важно да се каже дека животот на белците е еднакво важен. Тоа и сакавме да го кажеме“, рекол Хепл.