Милвол живее за ФА Купот, Линколн направи чудо

Со играч помалку, третолигашот Милвол го елиминираше актуелниот шампион Лестер од Купот. Голот падна во 90. минута а го даде Камингс, после што навивачите на Милвол прославија на својствен начин.

Уште поголема сензација направи аматерскиот клуб Линколн кој со 0-1 на гости го совлада премиерлигашот Барнли и стана првиот аматерски тим пласиран во четвртфинале после 103 години!

Стрелец на историскиот гол беше бекот на Линколн, Шон Рагет:

 

18 февруари 2017 - 18:52