Првиот жолт картон за бакнеж во Премиер лига

За време на мечот Барнли - Кардиф (2:0) се случи една смешна епизода меѓу двајца играчи кои добија жолти картони иако не направија ништо страшно.

Напаѓачот на Барнли, Ешли Барнс и стоперот на гостите Џо Бенет после еден нормален дуел, влегоа лице во лице како што вообичаено се случува на секој фудбалски меч, ама наместо да паднат како покосени и да глумат повреди, се случи нешто неочекувано.

Барнс два пати го бакна противникот во нос, откако влегоа во еден дуел по стартот на Бенет пред шеснаесетникот на Кардиф.

Судијата Мајк Дин не истолерира туркање и на двајцата им даде по жолт картон. На крајот може да бидат задоволни што нема да паузираат следното коло поради картони.

Барнли победи со 2-0, а головите по еден во секое полувреме ги даде шпицот Крис Вуд.

***

Барнс (оној кој го бакна противникот по носот) има 28 години и игра центарфор. Сезонава е негова најдобра во кариерата. Веќе постигна 10 годла (претходно не дал толку ни во Чемпионшип). Пред Барнли играл за Брајтон и Плимут.

Баба му на Барнс е Австријка, па тој во еден момент бил близу одлуката да заигра за репрезентацијата на Австрија (за Англија не е реално да игра во таква конкуренција), а еднаш за таа прилика и разговарал со селекторот на Австријците, Франко Фодој. Но неодамна го одбиле неговото барања за австриско државјанство, па му останува да проба да заигра за Англија ако му се укаже шанса.

15 април 2019 - 13:46