Таг: кардиф

Кој му дозволил на овој да игра фудбал?

Леандро Бакуна е роден во Холандија, игра за селекцијата на Курасао поради потеклото, член е на Кардиф во Чемпионшип и нема акал. Погледнете го овој старт над играч на Бурнмаут со две нозе. Па ова е нехумано.

Првиот жолт картон за бакнеж во Премиер лига

За време на мечот Барнли - Кардиф (2:0) се случи една смешна епизода меѓу двајца играчи кои добија жолти картони иако не направија ништо страшно.

Респект за потегот на Арсенал

Емилијано Сала не стигна да го облече дресот на Кардиф и да дебитира во неговиот нов клуб за кој потпиша договор вреден 17 милиони фунти. Авионот му исчезна во Ла Манш додека патуваше на релација Нант - Кардиф на 21 јануари, но сè уште нема потврда дека е мртов. Топџиите го ставија во програмата за синоќешниот меч меѓу Арсенал и Кардиф. Колку јак гест.

Очајните навивачи на Нант грмат во чест на Сала

Авионот со најскапото засилување на Кардиф кој полета од Нант за Англија, сè уште не е пронајден. Француските навивачи се собраа и разочарани го скандираа името на 28 годишниот аргентинскиот навивач.

Го нема авионот со најновото засилување на Кардиф, се очекуваат најлошите вести

Втора несреќа за само три месеци во Премиер лигата. Прво загина газдата на Лестер, а сега се чека потврда и за новиот член на Кардиф чиј авион исчезна вчера од радар.

Саутемптон остави оцена на хотелот кој им откажа престој пред најважниот меч

Англискиот фудбал е крајно забавен. Нема коло а да нема некоја заебанција. Синоќа Саутемптон му гостуваше на Свонси во директен судир за опстанок во Премиер лигата. Мечот имал увертира со скаламуции околу хотелот за гостите.

Лажна тревога, аутот е регуларен

Меч од Чемпионшип лигата внесе до толку голема забуна околу еден чуден момент, што немаше човек кој не поверува во тезата дека судиите се ептен за никаде со видот. Сепак на толку камери некако ќе беше премногу да не се утврди вистината.

Аут изведен од линијата на сенката, никој не забележа

Како тргнаа со гол на годината, глума на годината, наскоро би требале да воведат и задолжителна награда за аут на годината.

Боксерски спектакл во Кардиф, Џошуа го сочува тронот во 10 рунди

Францускиот боксер со камерунско потекло Карлес Такам достојно го замени Бугаринот Пулев и пружи добар отпор против светскиот шампион Џошуа пред 78.000 гледачи во Кардиф. Судиите го прекинаа мечот после 10 рунди.

Навивач на Јувентус место во Кардиф отишол во Кадиз

Еден млад навивач на Јувентус објавил на својот Инстаграм профил фотографии и коментар во кој признава дека го помешал Кардиф со шпанскиот град Кадиз и го утнал финалето на Лига на шампиони.

Најава за финалето во Кардиф

Европа, па и светот брои два дена до што би рекол Калински, дуелот на титаните. Шампионот на Шпанија против шампионот на Италија. Меч на кој не се трепка и не се грицкаат семки, туку се гледа во еден здив 90 минути. И да има пенали не се љутиме, битно да има голови и убав фудбал. Се ближи сабота, 20.45.

Навивачите на Јуве кои со камион ќе одат за Кардиф

Од тренинг центарот Виново навивачот на Јувентус Енрико Скифони - Кико тргнува за Кардиф со неверојатно дизајнираниот камион. Ќе помине 1.490 километри заедно со уште 200 навивачи на Јуве кои ќе го придружуваат со коли и комбиња.

Дуел на титаните, Реал во финале против Јувентус

После само 16 минути Атлетико Мадрид беше близу до чудо затоа што поведе со 2:0 и само гол ги делеше од израмнување на вкупниот резултат. Но Иско го кажа последниот збор на мечот и со гол го олади „Висенте Калдерон“. Реал е финалист на ЛШ.

Финалето на Лига шампиони под покрив?

Раководните луѓе на УЕФА имале состанок со полицијата и фудбалскиот сојуз на Велс и разговарале за можноста финалето на ЛШ во Кардиф да се игра на затворено поради страв од напад со дрон.

Шишај ме кратко, утре дебитирам во Премиер лига

Необично, еден е од ретките во Велшката репрезентација кој зборува чисто на мајчин јазик. На дебито со 16 години за Кардиф, најдобриот другар го ишишал и го упропастил поради што морал да се бричи на нула. По тешката повреда во 2010, се врати уште појак и подобар.

Ребрендираниот Кардиф се врати во елитата

На навивачите на Кардиф не им беше многу мило што новиот сопственик од Малезија им го смени логото, бојата, а најави и промена на името, но вчера сите се израдуваа што по пауза од 51 година нивниот клуб се врати во најелитното англиско фудбалско првенство.

Навивач се продава на eBay

Разочаран навивач на фудбалскиот клуб Кардиф ја продава својата лојалност за следната сезона преку аукцискиот сајт eBay.

Ливерпул повеќе не е „Лузерпул“

Нема повеќе фаќање сеир на навивачите на Ливерпул. По пауза од шест години, Ливерул освои трофеј совладувајќи го Кардиф во финалето од Карлинг купот.