Малку фалеше Ливерпул да го продолжи постот без титули. Второлигашот Кардиф во финалниот натпревар на стадионот Вембли беше блиску до изненадување откако во регуларниот дел од натпреварот одиграа 1:1, а по продолженијата беше 2:2.
На крајот капитенот Стивен Џерард сепак го подигна победничкиот трофеј и тоа благодарение на неговиот братучед кој промаши пенал за Кардиф.
Џо Мејсон во 18-та минута го доведе Кардиф во водство, а израмни Шкртел во 58-та. Во продол
енијата Ливерпул поведе преку Дирк Кајт во 108-та минута, но нивните навивачи беа замолкнати по десет минути кога резултатот го израмни Тарнер.
Стивен Џерард ја отвори серијата пенали со промашување, но трагичар на крајот беше неговиот братучед Ентони Џерард кој шутираре покрај голот во петтата серија за ерупција од воодушевувања на трибината на Ливерпул.
Поранешниот 18-кратен шампион на Англија немаше освоено титула од 2006-та година кога триумфираа во ФА купот.
Фудбалерите на Ливерпул на овој трофеј се израдуваа како да победиле во финалето од Лигата на шампиони, а уште порадосни беа и нивните навивачи. Така еден млад фан за време на прославата си „брцна“ прст во око, но и тоа не го спречи да продолжи да се радува.