Новиот Мухамед Али, како што многумина го нарекоа Ентони Џошуа (28), откако во април годинава стана светски шампион по нокаутот над Владимир Кличко, го одбрани златниот појас и титулите во во WBA и IBF против Французинот со камерунско потекло Карлос Такам (36).
Џошуа боксуваше неприкосновено во текот на целиот меч а славеше со прекин во 10. рунда откако судиите проценија дека противникот не може да продолжи.
Такам првпат беше на под во четвртата рунда, а Британецот боксуваше одлично во текот на целиот дуел. Од друга страна треба да му се честита и на Такам којшто го заменуваше Бугаринот Кубрат Пулев кој се повреди две недели пред закажаната борба.
Со оваа борба, Џошуа заработи најмалку 20 милиони долари а се е поизвесно дека наскоро ќе се бори за обединување на појасите со Деонатај Вајлдер (38-0, 37 нокаути) којшто ја држи титулата светски првак по WBC верзијата.
Такам издржа многу повеќе отколку што се очекуваше од него, така што нема сомнеж дека во иднина повторно би можел да се јави како сериозен предизвикувач. Крајот на мечот публиката го дочека со свирежи затоа што судијата некако прерано го прекина мечот, односно општ впечаток беше дека Такам можеше да издржи уште.
Британецот Џошуа сега во професионалниот бокс има неверојатен учинок од 20 победи на 20 мечеви! Од друга страна Такам на 40 борби остана на 35 победи (27 со нокаут).
Referee should have given Takam the chance to stay in the fight, he deserved that, having put up such a courageous fight.
— Barry McGuigan (@ClonesCyclone) October 28, 2017
AJ winning everything but that bad stoppage. Does a discredit to Takams toughness
— Carl Frampton MBE (@RealCFrampton) October 28, 2017
Early stoppage... There’s always something these days. Would have been nice just to let it play out one way or another. Takem still looked strong & with his senses! Very good test for AJ tho... especially with the broken nose. #JoshuaTakem
— Lennox Lewis (@LennoxLewis) October 28, 2017