Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала, синоќа тргна со приватен авион на релација Франција – Англија, но по се изгледа 28 годишниот играч кој четири сезони настапуваше за Нант, нема да го облече дресот на Кардиф.
Утринава излегоа шокантни информации дека авионот го нема на радар. Полицијата од Гернзи, остров кој се наоѓа во англискиот канал, на Фејсбук соопшти дека авионот синоќа тргнал во 19.15 часот од Нант за Кардиф и додека поминувал од Гернзи на височина од 1.524 метри побарал барање за слетување.
Searching for the light aircraft PA 46 Malibu resumed at 8am this morning.
— Guernsey Police (@GuernseyPolice) January 22, 2019
No trace has currently been found
It was en route from Nantes, France to Cardiff, Wales with 2 people
More info when available
Контролата на летање на Џерси, исто така остров во англискиот канал го загубил контактот со пилотот додека авионот летал на 700 метри. Во тие моменти почнала потрагата на исчезнатиот авион кој тргнале да го бараат со два хеликоптери, два авиони, како и чамци за спасување.
Пред да замине, Сала на својот Твитер објавил слика со поранешните колеги и напишал: Последен поздрав
La ultima ❤️ ciao @FCNantes 👋🏻💛💚 pic.twitter.com/SV1dNHbYYH
— Emiliano Sala (@EmilianoSala1) January 21, 2019
Сала во Кардиф требал да слета во 21:00 часот и да стане најскапото засилување во премиер лигашот со договор од 3,5 години, вреден 17 милиони евра.