Аут изведен од линијата на сенката, никој не забележа

Како тргнаа со гол на годината, глума на годината, наскоро би требале да воведат и задолжителна награда за аут на годината.

На мечот Кардиф - Рединг (0-0) поради силното сонце една од трибините направи дебела сенка па ниту судијата Боби Мадли ниту неговите помошници не забележаа кога Крис Гантер од Рединг фрли аут од кај сенката:

Смешниов момент остана во сенка на големото славје на домашните играчи и навивачи затоа што Кардиф обезбеди директен пласман во Премиер лигата како втор на табелата зад Вулверхемптон.

Во плејофот за трето место во Премиер ќе се борат Фулам, Астон Вила, Мидлзборо и Дерби.

Славјето во Кардиф попладнево заедно со менаџерот Нил Ворнок:

 

6 мај 2018 - 16:51