Меч од Чемпионшип лигата внесе до толку голема забуна околу еден чуден момент, што немаше човек кој не поверува во тезата дека судиите се ептен за никаде со видот. Сепак на толку камери некако ќе беше премногу да не се утврди вистината.
Во четвртфиналето на англискиот ФА куп, Рединг вчера го совлада Брадфорд 3:0 и закажа средба со Арсенал во полуфиналето. Славата на играчите на кратко им ја украде еден домашен навивач, кој во моментов претпоставуваме лежи во станица.