Се работи за еден специфичен момент од средбата меѓу Кардиф и Рeдинг кога еден од гостинските играчи застана да изведе аут.
Кога на прва ја гледате сликата, забележувате дека Крис Гантер го изведува аутот од таму каде што нему му одговара, поточно од линијата која ја прави сенката.
И толку требаше. Фотката се рашири низ социјалните мрежи и медиумите и од ситуацијата се направи хумор, како и превид на судиите кои наводно не забележале дека Гантер краде.
Did anyone else just see this in the Cardiff game? Throw in from the shadow line rather than the actual touch line?? Nobody picked up on it! pic.twitter.com/sWWSJukHbK
— Scottish Mags 🏴 (@scottish_mags) May 6, 2018
Моментот е навистина тежок за да се утврди, а и ние наседнавме на тоа што беше првично објавено на сите можни странски портали.
Но сепак спорниот момент е расчистен, а објаснувањето е дека има две линии. Играчот е застанат со топка точно на аут линијата која само се поклопила со онаа која ја прави сенката, а таа позади него е другата линија која се наоѓа пред рекламните паноа.
Просторот меѓу двете линии е всушност оној дел на кој се загреваат играчите пред да влезат како замени. Решен проблем.