Таг: аут

Го имаме ли најдолгото изведување на аут во историјата?

Следен пат намали го залетот, да не ја бараме во река топката.

Ова не е аут, ова е аутиште

Хрватска со 2:1 го победи Велс во квалификациите за Евро 2020, а најпознатиот гостински фудбалер Герет Бејл во еден момент фрли аут како да фрла тениско топче а не фудбалска топка.

Од аут ја изведе во аут

Генијалниот потег на денот, неделата и месецот го има Жоао Нунес од Легија Гдањск. На финалето во полскиот Куп дечкото изведе аут и со тоа успеа да направи нов аут за противникот. Цар.

Верувале или не, Ливерпул ангажирал тренер за изведување аути

Иако на прв момент звучи смешно, аутот важи за еден од најважните елементи во фудбалот. Добро изведениот аут може да ти подари гол, а лошо изведениот може да ти направи сериозни скаламуции. Зошто?

Иранецот кој се изглупира со аутот на крај

Има уште 30-ина секунди да ја нафрли како човек од аут, да пробаат да направат шанса за историско израмнување, тој прави циркус кога најмалку треба. Или треба да е глуп или не знаеме... Се вика Милад Мохамади. Игра бек за рускиот клуб Ахмат Грозни.

Лажна тревога, аутот е регуларен

Меч од Чемпионшип лигата внесе до толку голема забуна околу еден чуден момент, што немаше човек кој не поверува во тезата дека судиите се ептен за никаде со видот. Сепак на толку камери некако ќе беше премногу да не се утврди вистината.

Аут фрла компир вади

Микел Квист е дански фудбалер со колумбиско потекло. Има 24 години и игра за клубот Хорсенс во Данска. Фрла такви аути што не знаеш дали е корнер дали е фаул.

А можеш цело игралиште да го префрлиш?

Аутот на денот е изведен во Словенија од фудбалер кој претходно бил гимнастичар. Најјако би било да дадеш гол од таму.

Фудбалерот кој ги изведуваше најопасните аути на свет

Тренерите и играчите пробуваа сè за да го спречат. Се загреваа пред него, му местеа рекламни паноа за да не може да фати голем залет, навивачите му мавтаа, а Венгер бараше да се забрани неговото изведување аут.

Другар, ти си се кладел на прв аут

Почетниот удар на мечот Камерун - Гвинеја Бисао од АКН, напаѓачот на Гвинеа го изведе во аут. Освен ако ја чкртнал во кладилница прв аут за Камерун, друо објаснување не гледаме.

Најголемата жртва за спасување аут

Да, ова е најголемата жртва за спасување аут и ова е теренот кој заслужува трева бидејќи на децава очигледно им се игра фудбал штом гинат за вакви топки.

Десно, Снајдер, десно

Навивачите на Галатасарај до толку се соживуваат со играта на омилениот клуб, што дури и добро изведен аут многу им значи. Овојпат му помогнаа на Холанѓанецот да ја даде топката на право место, а тој им заблагодари.

Бразилски аут во женска верзија

Сето тоа Бразилките добро го извежбале на тренинг, што не им беше потребно топката ниту да падне, ниту некоја да ја удри со нога.