Малку што може да те изнервира во фудбалот како свирка за неправилно изведен аут.
Екипата така губи посед и темпо а играчите мавтаат со рацете додека противникот тргнува во напад. Таквата механичка грешка на погрешно изведен аут носи многу непријатности.
Тоа им се случува дури и на играчите во топ клубови.
Во февруари годинава, бекот на Тотенхем Серж Орие направил хет-трик со лошо изведени аути: на мечот против Кристал Палас дури три пати судијата му свирнал погрешно изведен аут. Тренерот Маурицио Покетино изјавил: „Му кажав: ’Ти направи сè што можеше за да ме избркаат сега. Изгледа дека сме толку лоши што не можеме ни еден аут да изведеме како треба“.
Минатата сабота Бенџамин Менди пред крајот од првиот дел на мечот против Вулверхемптон беше најактивен играч на Сити: два пати грешно изведе аут - 1) ја нагази линијата; 2) ја кренал левата нога над тревникот што не е дозволено при аут.
Овие моменти можеби делуваат смешно, но веста која стигна од Ливерпул е мошне сериозна. Клубот од „Енфилд“ го ангажирал Томас Гронемарк, дански тренер со необична специјализација - аути.
Гронемарк низ годините го сменил фудбалот за лесна атлетика, атлетиката за боб санкање, а потоа се вратил на зелениот терен но не за да игра, туку да ги учи другите како да фрлаат аут далеку и максимално ефективно.
Томас работел во академијата на Херта Берлин и во неколку дански клубови. Негова најголема гордост е Мидтјиланд кој минатата пролет стана шампион на Данска по многу благодарение на аутите (10 гола од 80 дале по изведен аут).
Аут како елемент во нападот станал многу популарен во данската лига. Неслучајно Данска е една од двете репрезентации која на Светското 2018 постигна гол по нафрлување од аут (против Хрватска во осминафинале).
„Тоа е како корнер - морате да помислите на сè, три-четири чекори однапред, да ја прочитате реакцијата на противникот. На Светското имаше генерално многу слабо изведени аути“, вели Гронемарк.
Подробно за неговите успеси може да видите на неговиот сајт. Тренинзите и карактеристичните голови тој ги постира на својот YouTube канал и на Инстаграм.
Во 2010 година Гронемарк влегол во Гинисовата Книга на рекорди (за најдалеку изведен аут - 51,33 метри), но Клоп не планира своите играчи да ги прави катапулти.
Јиирген пресметал дека топката од страна се изведува по 50 пати во просек на еден меч. Тоа е многу важен аспект за играта и Клоп сака неговите играчи да не губат од брзината во нападот туку моментално да ја враќаат топката во игра и притоа веќе да не ја губат топката на своја половина од аут под пресинг.
За тоа на тренинзите ќе биде задолжен новиот помошен тренер Гронемарк кој потсеќа како во финалето на Лига на шампиони 2011 година Барселона примила гол по лошо изведен аут на Абидал.
Ангажманот на Гронемарк е на лична иницијатива на Клоп. Данецот работел со бековите и крилата на Ливерпул (плус Џејмс Милнер, Садио Мане и Џорџињо Вејналдум) пред сезоната а сега ќе продолжи со работа во клупската база во Мелвуд.
The Telegraph вели дека така високо квалитетен специјалист нема ниту еден друг клуб во Премиер лига.
Чудно за лига во чија историја првиот гол паднал после аут и која не така одамна се раздели со човекот кој ги изведуваше најдобрите аути на свет.
ГОЛОВИ ПОСЛЕ АУТ СЕ КЛАСИКА НА АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛ
Легендарниот Рори Делап со раце ја фрлаше од аут како некој со нога од корнер. Толку далеку.
На Светското 1982 година Англија повела против Французите уште во 27’ секунда од натпреварот. Стив Копел (неговиот Ридинг се врати во Премиер лига во 2000-те) далеку го извел аутот кон противничкиот гол, Тери Бучер го следел летот на топката и ја спуштил до Брајан Робсон кој постигнал гол:
После 10 години, на 15 август 1992 година, напаѓачот на Шефилд Јунајтед Брајан Дин во ист стил го постигнал првиот гол во историјата на Премиер лигата (во нов формат и систем).
КРАЛОТ НА АУТИТЕ - РОРИ ДЕЛАП
Делап одиграл 379 натпревари во Премиер лига. Него никој не го памети како играч на Дерби Каунти или Саутемптон.
Ирецот за кого „светците“ платија рекордна сума на пари кога имаше 30 години, беше најдобриот изведувач на аути. Во 2010 година на мечот против Вулверхемптон Делап имал помалку додавања со нога (26) отколку со рака (27).