За прв пат во историјата на англиската Премиер лига, учество ќе земат две екипи од Велс. Покрај Свонси, во англиската елита од следната сезона ќе игра и тимот на Кардиф кој обезбеди промоција благодарение на ребрендирањето и финансиската инјекција од Малезија.
Откако Малезиецот Винсент Тан го купи клубот во 2010-та година, „сините птици" се претворија во „црвени змејови". Традиционалната сина боја на дресовите ја заменија со црвена, а на логото на клубот наместо сината птица сега се наоѓа голем црвен змеј. Малезијците дури најавија и дека можеби ќе го променат името на клубот доколку се пласираат во Премиер лигата.
Но тој барем си го одржа ветувањето за промоцијата на клубот. Ова лето тој потроши 10 милиони фунти на нови засилувања, а како слободен играч потпиша и Крег Белами. Клубот кој пред само 4 години играше во 4-та лига, предводен од младиот шкотски тренер Малки Мекеј, со ремито против Чарлтон обезбеди пласман во Премиер лигата и следната сезона ќе игра против Јунајтед, Сити, Арсенал, Челси, Ливерпул...