Многу навивачи на Кардиф разочарани од одлуките на новите азиски сопственици ги откажаа своите сезонски билети, а еден од нив реши да навива за друг клуб.
Малезиските сопственици ги претворија „сините птици" во „црвени змејови" откако традиционалната сина боја на дресовите ја заменија со црвена, а на логото на клубот наместо сината птица сега се наоѓа голем црвен змеј.
Оваа одлука го налути Бен Дадли кој не само што повеќе нема да ги посетува натпреварите на Кардиф, туку реши да навива за друг клуб. Но тој не одбрал за кој клуб ќе навива, а тоа за него ќе го одлучи човекот кој ќе понуди највисока сума.
Бен решил својата лојалност да ја продаде преку eBay, а највисоката понуда во моментов изнесува 310 фунти. Аукцијата е отворена за сите, освен за ривалите Свонси и Бристол.