Откако УЕФА се најде на ѕидот на срамот поради тоа што со смс порака ги известила луѓето од Дортмунд дека мечот со Монако ќе се игра набрзо по бомбашкиот напад, сега европската куќа на фудбалот сериозно ја сфаќа заканата од тероризмот.
Главните луѓе во оваа унија решиле безбедноста да ја кренат на највисоко можно ниво, па финалето на ЛШ на 3. јуни во Кардиф ќе го обезбедуваат 15.000 полицајци а натпреварот би можел да се игра и со затворен покрив.
Иако покривот на стадионот „Милениум“ во Кардиф е изграден со намера да се обезбеди нормално одигрување фудбалски мечеви и при лоши временски услови, овојпат тој би можело да биде поставен поради страв од тероризам.
„Безбедноста ќе биде на највисоко ниво. Челните луѓе на УЕФА разговараа со полицијата во Велс и сега ја согледуваат опцијата да се рашири кровот за време на финалето поради страв од напад со дрон“, изјавил секретарот на велшкиот сојуз.
Милениум важи за еден од најубавите стадиони во Европа, има капацитет од 74.500 места. Изграден е во 1999-та година за потребите на Светското првенство во рагби. Џорџо Маркети, директорот на УЕФА изјавил дека УЕФА веќе долго време работи на подготовките на финалето.
„Ги разгледуваме сите можности затоа што можни се многу ризиви. Во наредниот период ќе се занимаваме уште подетално со сите работи поврзани со безбедноста на тој натпревар“, рекол Маркети.