Емилијано Сала не стигна да го облече дресот на Кардиф и да дебитира во неговиот нов клуб за кој потпиша договор вреден 17 милиони фунти. Авионот му исчезна во Ла Манш додека патуваше на релација Нант - Кардиф на 21 јануари, но сè уште нема потврда дека е мртов. Топџиите го ставија во програмата за синоќешниот меч меѓу Арсенал и Кардиф. Колку јак гест.