Минатиот викенд екипата на Саутемптон гостуваше кај Евертон и водеше буквално до 95’ минута од мечот. Се бореа за три злато вредни бода но „карамелите“ израмнија на 1-1 со автогол во последните секунди од мечот.
Тоа што го пропуштија во Ливерпул, „светците“ го надоместија синоќа во Велс. Играа против Свонси со кого се директни ривали за опстанок во елитата и победија 0-1.
Но не било така лесно зошто кога стигнале во градот вечерта пред мечот, хотелот „Свонси Мериот“ им ги откажал резервациите поради наводен „вирус“ во хотелот.
„Во неделата вечер разбравме дека мал број на здруженија и гости се разболеле. Како што налага процедурата, забележавме голем број на резервации на кои моравме да им најдеме алтернативни сместувања. Ја известивме и Здравствената организација иако случајот на вирус уште е непотврден. На почеток од неделава немаше пријави за заболени лица и хотелот останува отворен“, стоело во соопштението кое од хотелот им го пратиле на Саутемптон во неделата доцна вечер само што стигнале во градот.
Во целата нервоза на крај Саутемптон се сместил во хотелот Vale of Glamorgan на еден час возење од стадионот „Либерти“ каде се играше мечот.
Тренерот на Саутемптон Марк Хјус дал нервозна изјава пред почетокот на мечот и кажал дека неговите играчи и тренери морале да ги пешачат последните 100-ина метри пред да влезат на стадионот. Денес од клубот пишале оценка за хотелот „Свонси Мериот“ на страната со напомена на крај: „Не планираме да се вратиме во скоро време“ алудирајќи на извесното испаѓање на Свонси во втора лига.
Just some feedback... #saintsfc pic.twitter.com/RbG6k2Uh8O
— Southampton FC (@SouthamptonFC) May 9, 2018
Хјус додал и дека таквите задкулисни игри ги мотивирале неговите играчи да играат уште подобро. Саутемптон во последното коло го пречекува Манчестер Сити од кого теоретски треба да прими најмалку 9 гола за Свонси со победа да се спаси.