На мечот Манчестер Сити - Барнли од Премеир лига кој домаќинот го доби со 5-0, во еден момент додека фудбалерите на двата тима седеа на колена, над стадионот прелета авион кој вееше банер со натпис:
Клубот експрено брзо се огради од овој потег на некои навивачи на Барнли (во вторникот одговорност презел еден навивач кој рекол дека нема намера да се извини никому, а полицијата отворила истрага дали има прекршување на некој закон)
„Се срамиме и непријатно е што неколку навивачи решија да го рашират тоа над стадионот. Тие ништо не разбираат.
На некои дечки во соблекувална им беше многу незгодно. Ние не стоиме зад тоа. Тие не разбираат што се обидуваме да направиме. Тие луѓе треба да научат да живеат во ХХI век и да научат повеќе. Тие не ги претставуваат нашите идеи, идеите на клубот и мнозинството навивачи“, веднаш се оградил капитенот на клубот, стоперот Бен Ми.
Тој рекол дека уште пред мечот стигнала информација дека е можна ваква акција. Клубот се обидел да спречи но не успеал.
Burnley captain Ben Mee: "I'm ashamed. I'm embarrassed. These people need to come into the 21st century. I'm really upset it happened. It completely missed the point of #BlackLivesMatter. We heard whispers it was going to happen before we came out. We want equality." #BFC #MCIBUR
— Joe Prince-Wright (@JPW_NBCSports) June 22, 2020
„Фудбалскиот клуб Барнли одлучно ги осудува дејствијата на тие кои сносат одговорност за авионот и навредливиот банер кој прелета над стадионот 'Етихад' во понеделник вечер. Ова никако не го одразува тоа што го претставува фудбалскиот клуб Барнли“, стои во официјалното соопштение на премиерлигашот.
НАВИВАЧИТЕ НА БАРНЛИ СЕ ОБВИНУВАНИ ЗА РАСИЗАМ ПОЧЕСТО ОД СИТЕ ОСТАНАТИ
Клубот напишал сосема исправно соопштение без дилеми, но во едно згрешил. Не е баш мала група навивачи на Барнли кои прават расистички испади.
Во коментарите под објавата на Твитер на Барнли имало прав пожар од коментари.
„Банерот е исправен! Зошто кога се вика 'Животот на црнците е важен' е нормално, а 'Животот на белците е важен' е расизам? И едното и другото се исправни“.
Други напишале:
„Се срамам што Премиер лига води кампања само за црнците а заборава на другите социјални групи. Доволно беше да се придржуваат на кампањата Kick It Out“.
„Помина повеќе време откако бегалец од Либија уби 3 бели луѓе во Рединг. Досега немаше ни протести, ни нереди, ни грабежи, ни дресови со White Lives Matters. Американците тогаш не излегуваа на протести во наше име“.
Пред 4 години клубот Барнли забранил влез на еден навивач кој навредувал играч на Брадфорд за време на пријателски меч. Во ноември 2019-та година британската агенција Press Association објави статистика: количество на обвиненија за расизам и други дискриминации на разни навивачи во сезоните 2017/2018 и 2018/2019.
Барнли бил на прво место. 15 навивачи на овој клуб навредувале играч или противнички навивачи на расна основа.
ВО 2001 БАРНЛИ ГО НАСЕЛИЛЕ МНОГУ ДОСЕЛЕНИЦИ ОД АИЗИЈА
Проблемот со расизмот во градот Барнли не е од вчера. Во 2001 година во северните градови на Англија - Олдем, Лидс, Бредфорд и Барнли имало многу насилни протести. Големи групи белци напаѓали луѓе од Азија, им упаѓале по дома и во дуќаните, им ги кршеле автомобилите. Вкупната штета во тие нереди била проценета на 1 милион фунти.
Професорот Тед Кентл кој се занимавал со прочување на погромот од 2001-ва ги објаснил причините:
„Големо мнозинство од белото население во Барнли како да беше вознемирено од 'големиот број' Азијати кои живеат во градот, а на крајот се испостави дека се 7,5% од населението. Оваа заблуда проистекнува од самосегрегацијата: ние сфативме дека во Барнли немало ниту една мултикултурална институција која би дозволила заедно да работат белците и Азијатите“, вели професорот.
Покрај тоа Кентл смета дека причина за ваквата заблуда е нивото на невработеност меѓу младите од 18-24 години (во мај 2001 оваа бројка во Барнли стигнала до 5,2% додека во просек во земјата имало 4,6% невработеност).
После нередите Барнли станал центар на Британската национална партија: во 2003-та година дури 8 ултрадесничарски кандидати добиле место во градскиот совет. Во 2011-та година останал само еден од нив.
Но Кентл вели дека прашањата на сегрегација и расизам сега се уште поостри: терористичките напади во 2000-те години ги разгневиле Англичаните кои се затвораат во свои групи и не пуштаат тука други раси.
„Во школите и на работа цвета сегрегација. Ова придонесува за растот на предрасуди, нетрпеливост, недоверба во општеството кои носат нов бран расизам и така во круг“, вели Кентл.
БЕНТ ГО ОБИВНИЛ БАРНЛИ ЗА СЕГРЕГАЦИЈА
Најгласен од сите бил поранешниот центарфор на репрезентацијата на Англија и во еден момент најдобар стрелец во Премиер лигата, а сега стручен коментатор за TalkSport, Дарен Бент.
„Чудно е што во составот на Барнли воопшто НЕМА црномурни играчи“, напишал Бент на Твитер.
И не бил далеку од вистината. Во составот на клубот од Ланкашир сезонава само еднаш се најде еден црномурен играч и тоа бекот Али Којки кој бил на клупата за резерви но не влегол на тере.
Тука е и Арон Ленон кој го напушта клубот на 30 јуни и Двајт Макнил чиј татко е црнец.
На Бент брзо му одговориле некои играчи.
„Како човек од мешано семејство сметам дека коментарите на Дарен Бент се совршено непристојни особено во однос на мојот татко црнец кој имаше огромно влијание на мојот живот и ми помогна да станам горд човек“, напишал Метју Мекнил.
Бент веќе го избришал твитот но статистиката за црномурни фудбалери во Барнли покажува дека 4 години откако се во Премиер лига, во екипата црни играчи биле само Андре Греј, Наки Велс, Жорж-Кевин Н'Куду и Даниел Аџеј (23 минути одиграл).
Ова совпаѓање со испадот на навивачите делува дека не е случајно и Барнли сигурно ќе мора да ја исправи ситуацијата иако јавно ќе му биде тешко.