Пред месец дена Ливерпул го прегази Кристал Палас на гости 0:7, но од тогаш тимот на Јирген Клоп има 5 меча без триумф во Премиер лига, 2 порази и само 2 постигнати гола. Кризата ја заокружи Барнли со триумф на „Енфилд“.
Ливерпул синоќа го пречека Барнли во типичен меч за нив овој месец. Црвените имаа огромен посед на топка (повеќе од 70%), 26 шута, но ретко создадоа стопостотни шанси (од 26 шута само 6 во рамки).
Црвените синоќа упатија дури 30 центаршути во шеснаесетник, но само 2 од нив ги дојдоа до фудбалери на Ливерпул. Најзрела шанса во 43' минута имаше Дивок Ориги кој излезе еден на еден со голманот на Барнли но погоди пречка:
ЛИВЕРПУЛ ВО 2021 НЕМА ДАДЕНО ГОЛ
Во новата година англискиот шампион уште не постигнал ни еден гол во Премиер лига. Последен пат „црвените“ се радуваа на погодок на 27 декември против Вест Бром кога Садио Мане ја погоди мрежата во 12' минута.
После тоа играа со Њукасл, Саутемптон, Манчестер Јунајтед и Барнли, екипи кои го сопреа нападот на Ливерпул. Последен пат на Клоп ваква „сува“ серија му се случила во 2006-та година како тренер на Мајнц.
Ливерпул ваков пост во Премиер лига немал од 2000-та!
Последни голови во 2021 им беа во Лига Купот против Астон Вила која играше со деца од тимот У-18 поради вирус во првиот тим.
И кога Ливерпул синоќа не искористи шанси, ги стигна казна. Алисон во 83' минута го урна Ешли Барнс во својот простор и центарфорот заработи пенал кој самиот го искористи за огромен триумф на Енфилд Роуд.
Ова беше прва победа на гостинска екипа во Ливерпул кој 68 меча немаше пораз во Премиер лига на домашен терен. Тоа беше втора најдолга серија во историјата на англискиот фудбал, по онаа на Жозе Мурињо и Челси кога поставија рекорд со 86 меча без пораз.
Јирген Клоп на полувреме беше фрустриран па му се пушти на гостинскиот тренер Сем Дајш